Таг: ѕид со мексико

Акциска понуда за Трамп: ѕидот да биде готов за 1,4 милијарди долари

Цената за изградбата на 380 километри од ѕидот на Трамп до сега беше меѓу 8 и 12 милијарди долари. Првиот човек на градежна компанија од Северна Дакота смета дека некој му калеми трошоци на Трамп и му даде далеку пониска понуда.

Ѕидот на Трамп стана соларен

Кој од сеир, кој од радозналост, кој од закоравено непознавање на природата на човек што решил да го напушти својот дом, сите го чекаат остварувањето на едно од главните предизборни ветувања на Трамп. И додека допрва треба да се фрли првата лопата на проектот, Трамп најави содржински апдејт на својот план.

100 километри ѕид за 1 милијарда долари

Белата куќа планира дека 1 милијарда долари ќе покријат изградба на 100 километри од ѕидот кон Мексико. Пресметките од одделот за Домашна безбедност покажуваат дека милијардата е доволна само за 77 километри. Она околу што сите се сложуваат е дека меѓу САД и Мексико има 3218 километри граница.

За ѕидот на Трамп

Веројатно единствената замисла што звучи по излудено од "Претседателот Трамп" е идејата за изградба на ѕид меѓу САД и Мексико. Првата работа се случи, втората е ставена во забрзана постапка да се случи. Мексикански архитекти направија компјутерски модел на ѕидот која комплетно ја доловува неговата бесмисленост.