Таг: диего симеоне

Нема потврда екипа од Атлетико Мадрид

Најголемиот проблем кога играш против Атлетико под водство на Симеоне е да му дадеш гол, особено дома. Oна „Битно да не примиме гол, а дадеме барем еден“ кај нив е светост. Шест сезони им успева.

Диего Симеоне едно две па збори за мадиња и гестикулира мадиња

Не му е прв, а со оглед на неговиот бурен темперамент, ни последен пат да се фаќа за јајца и да демонстрира машкост.

Еве ви го на!

Чоло Симеоне експлодираше од радост откако Атлетико Мадрид преку Хименез го скрши отпорот на Јуве во 78 минута. Веројатно револтиран од одлуката на судијата кој му поништи гол на Марота со помош на ВАР, тој се сврти накај кабината и одлепи.

Неверојатниот Диего Годин

Атлетико Мадрид на два пати губеше дома од Атлетик Билбао со 0-1 и 1-2 но на крајот капитенот Диего Годин направи луд подвиг откако повреден остана на теренот и додека кривеше, го сврте резултатот.

Убави сцени со семејството Симеоне

Како да беше вчера кога го гледавме Диего Симеоне во Серија А каде ги носеше дресовите на Интер и Лацио. Но времето лета, а на чизмата веќе трета сезона игра неговиот син и наследник. Џовани Симеоне со целосна семејна поддршка од ложата на Артемио Франки од татко му, мајка му и ќерка му. Даде и гол за 6:1 против Киево. 

Атлетико Мадрид и сезонава ќе ја наруши дуалноста во Шпанија

Победата на „јорганџиите“ над Реал во Суперкупот на УЕФА му покажа на светот дека денешниот Атлетико Мадрид нема да биде само трета сила поред во шпанскиот фудбал, туку сериозно ќе се бори за шампионската титула во сезоната 2018/2019.

Гризман и Атлетико шампиони во Лига Европа!

Екипата на Диего Симеоне кој и вечерва издржуваше суспензија па беше на трибините, по трет пат ја освоија Лига Европа откако го декласираа Марсеј со 3:0 (1:0).

Гол Скудето е традиција во семејството Симеоне

Нешто и од играчките денови на Диего Симеоне, ама и од син му. Што би се рекло народски, родени се за беља. Прашајте го Наполи зошто, ама и Јувентус и Интер.

Разликата во Атлетико ја прави Симеоне

Ви се допаѓало тоа или не тоа што игра дефанзивен фудбал, овој човек е мајстор да победи, а да не прими гол. Тоа му е стил откако е укотвен во клубот од 2011-та. Што му донесе таа игра: слава и 5 трофеи. Болни ќе легнат навивачите кога ќе треба да си оди.

Ти со нас, ние со тебе: до смрт

Инспираторот на Атлетико Мадрид се вика Чоло Симеоне, човекот кој им донесе 5 различни трофеи: Ла Лига, Копа дел Реј, Супер Куп на Шпанија, Лига Европа и Супер Куп на Европа, само ЛШ му фали. Синоќа седеше на трибини поради црвен, а на крајот знаедно со навивачите го славеше пласманот во финалето на ЛЕ. Ова се тие сцени за почит. Му пееја: Tú con nosotros, Nosotros contigo. Hasta la muerte.

Што означува чудниот танц на Антоан Гризман после головите?

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид и воопшто еден од најдборите напаѓачи во Европа го спаси својот клуб во ужасно тешкиот меч со Арсенал на гости.

Атлетико се провлече, Марсеј близу финалето во Лион

Првиот меч од „финалето пред финалето“ меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид донесе бурни 90 минути со два гола, две исклучувања и многу шанси. Во Франција Марсеј потврди дека е решен да оди до крај.

Топ 12 голови во Серија А од сезоната 1990/1991

Налетавме на една јака, ама многу јака компилација на голови од италијанскиот фудбал во која не знае човек на кој волеј попрво да се воодушеви. Ова вистинско лудило од голчишта и тоа на славни имиња како Руди Фелер, Виали, Манчини, Анчелоти, Клинсман, Гулит. А сте знаеле ли дека Диего Симеоне играл за Пиза?

Натрапничкиот однос на Барса и кружењето околу Гризман

По случајот со Осман Дембеле кога Борусија Дортмунд разгласи дека Каталонците зад грб им го украле младиот бисер, а по суспензијата која што ја имаа од ФИФА пред неколку сезони, луѓето од „Камп Ноу“ пак се вмешани во интриги за трансфер.

„Мојата диплома е дресот во кој дадов четири гола во Лига на шамиони“

Најпријатното изненадување во европскиот фудбал последниве месеци е тренерот на Лацио, помладиот од браќата Инзаги којшто прави чуда со Римјаните.

Што е работата со Атлетико Мадрид?

Очигледно повеќе им годеше стариот „Висенте Калдерон“ зошто откако се преселија на новиот модерен „Ванда Метрополитано“, не знаат што значи две-три победи во серија.

Диего Ел Чоло Симеоне каков што не сте го знаеле

Каде и да играл или да бил тренер, викал, пцуел, урлал, но никој никогаш не му замерувал затоа што тоа го правел како мотивирачки лидер кој способностите ги наследил од баба му од која најмногу се плашел. Ова е сторијата за најдобриот аргентински тренер.

Ривалството на синовите на Симеоне и Зидан

Енцо Зидан престојува во Реал Мадрид околу 10 години и игра за третиот тим Реал Мадрид Кастиља. Неодамна даде гол за првиот тим во Копа дел Реј но не е ниту близу до она што го прави син му на Диего Симеоне во Серија А.

„Жозе, не сум ти јас Тито, ќе ти ја скинам главата“

Кога во 2004-та му откриле рак, Херман Бургос им рекол на лекарите кои закажале операција дали може да ја поместат за понеделник, затоа што за викендот мора да брани за саканиот Атлетико Мадрид. Во своето портфолио лудиот голман има и позната рок-група.

Во кој клуб ќе работи Диего Симеоне после Атлетико

Откако во Катанија го направи првиот чекор кон славата, отворено му се нудеше на Лацио, но режимот на Лотито му ја игнорираше кандидатурата. Можеби судбината така сакаше затоа што во Атлетико доби одврзани раце и улога тренер/менаџер каква што не би добил во Италија.

6.084 дена по голот на Чоло, сега и син му го начна Јувентус

Џовани Симеоне (21) во неделата беше играч на натпреварот Џенова - Јувентус кој заврши 3:1. Таткото на Џовани, Диего Симеоне на 1.април 2000-та година со гол со глава му донесе победа на Лацио против Јуве на „Деле Алпи“, а подоцна Лацијалите ја освоија титулата.

Зошто Диего Симеоне не сака да стане како Фергусон

На „Висенте Калдерон“ е омилен, го сакаат и навивачите и играчите и управата. Ја ликвидираше хегемонијата на Барса па на Реал, играше две финалиња во Лигата на шампионите. Се поставува прашањето зошто не сака да остане со години како Венгер и Фергусон?

Симеоне ја искористи паузата да оди со татко му на вечера

Овој лево има 46 години, а магарево десно има 28 години.