Таг: дејвид боуви

Разгледуваме кај Иман и Дејвид Боуви дома

Ќе беше убаво двајцата да можеа да ја пречекаат екипата на Вог дома. Сепак, иако го изгубивме Боуви, неговото присуство се чувствува во секој ќош од нивниот дом во Кетскилс, Њујорк.

Тајната кариера на еден пратечки вокал на Боуви

Клаус Номи ја остава њујоршката клупска публика со отворена уста со неговиот вокал, облечен во карактеристичниот триаголен смокинг од винил, со димни бомби, панк-рок детали и научно-фантастични звучни ефекти од ’50-те.

Кога преплашениот Боуви го сретна Ленон

Не денот кога Боуви ќе полнеше 74 години, ново интервју со продуцентот Тони Висконти ја опишува средбата која довела до создавање на хитот „Фејм“.

Во 2020 ќе биде објавен нов материјал на Боуви

По смртта на големи (а и не толку големи) ѕвезди, стапува на сила бизнис пракса позната како „молзење на кравата“ - издавање нов (или не толку нов) материјал, понекогаш и со сомнителен квалитет, само колку нешто да се продава. Ама за ова не се буниме.

Најновата симфонија на Глас посветена на Боуви е дело на „арогантен композитор од високото добро утро“?

На последниот ден од 2018 напишавме дека славниот композитор планира да ја заокружи трилогијата базирана на музика на Боуви, со последното, трето дело. Европската премиера се случува денес во Лондон, но критичарите не се нешто воодушевени.

Издадена специјална карта за метро посветена на Боуви

Не се знае дали, и колку често Боуви користел метро во Њујорк. Но неговата најблиска станица би била онаа на Бродвеј/Лафает во Сохо. Таа до 13 мај ќе биде дизајнирана во негова чест, а во тој период ќе можат да се купат и посебни Боуви билети, кои содржат музика.

9-годишното девојче што го сака Боуви

Кога детето ти слуша музика што и тебе ти се допаѓа ти доаѓа мило, дека си завршил работа како родител. Ама па истовремено ти е и некако шубе, дека нема со кого да си направи муабет на темата, затоа што неговите врсници не се баш по Кеш и Боуви. Затоа и се израдувавме на текстов. 

Филип Глас ја комплетира трилогијата посветена на Боуви

Славниот композитор, 22 години по последното дело инспирирано од Боуви, ѝ се навраќа на неговата музика. 12-тата симфонија, трета базирана на музика на Боуви, овој пат на албумот „Лоџер“, ќе ја доживее својата европска премиера во центарот Саутбенк во мај 2019.

Депеш мод обработка на „Heroes“ од Боуви

Оригиналот од Боуви е објавен на 23 септември 1977, обработката од Депеш мод е објавена вчера, на 22 септември 2017 на 1 ден пред 40-тиот роденден на песната.

Ханиф Курејши за неговиот пријател, Дејвид Боуви

На 7 септември ќе излезе нова, до сега најдетална биографија на Дејвид Боуви. На повеќе од 500 страници, таа содржи 180 интервјуа со негови пријатели, конкуренти, љубовници и соработници, од кои повеќето никогаш порано не зборувале јавно за нивната врска со Боуви.

Приказната за тајниот последен проект на Боуви

Кога добитникот на Пулицер, писателот Мајкл Канингем, добил повик од некој кој се претставил како Дејвид Боуви, мислел дека е зафрканција. Не знаел дека тоа е моментот кога ќе започне едногодишна соработка на мјузикл, кој вклучува вонземјани, маријачи и измислени необјавени песни на Боб Дилан. Еве ја неговата приказна.

Боуви и мистеријата за исчезнатиот саундтрак за „Човекот што падна на Земјата“

На 40-тата годишнина од издавањето на славниот филм, тој на 9. септември ќе биде прикажан во реставрирана верзија, а за прв пат ќе биде издадена и музиката за него. Она што уште не е јасно е како звучела првичната, чиј автор бил главниот актер во филмот - Боуви.

Данкан Џонс за „Воркрафт“ и татко му Дејвид Боуви

За гејмерите-љубители на играта, филмот правен според „Воркрафт" е долго очекуван проект. Со буџет од 100 милиони долари и куп визуелни ефекти, тој е истовремено и голема надеж за неговите продуценти. За режисерот пак, филмот е поврзан со лични приказни и животни искушенија.

Хор на денот

Над 500 членови на колективот Хор! Хор! Хор! му одаваат почит на Боуви, со масовен препев на Спејс Одити. Снимано во Торонто неколку дена по смртта на Боуви.

Кога Скарлет Јохансон и Боуви го пееја Вејтс

Во 2008 Скарлет Јохансон го објави Anywhere I Lay My Head - нејзин деби албум кој содржи исклучиво кавери на песни на Вејтс. Уште во најава некои од нас (од чиста љубомора) го оценија проектот како арогантен, а Јохансон за добра актерка, која гребејќи се од музички пославните од неа сака да покаже дека може да биде и пејачка.