Таг: дамир имамовиќ

Босанската севдалинка што ја има напишано Германец од 19 век

На концертот на Дамир Имамовиќ во Скопје оддржан вчера (25.05), тој како автор на стиховите на една од песните го наведе, ни помалку ни повеќе, туку славниот германски поет Хајнрих Хајне! Потоа почна да ја свири „Азра“ (Крај танана шадрвана), на изненадување на мнозинството во салата, на кое ни на крај памет до сега не му било дека таа не е „асли“ босанска. Која е приказната за оваа песна?

10 најчести заблуди поврзани со севдахот

По веста дека починала Јадранка Стојаковиќ денот ни тргна со нејзина музика, но како што обично бива, од видео на видео, стигнавме до севдалинки, и тоа оние отпеани од Дамир Имамовиќ, кој последните години, пред таа целосно да снеможи, одржуваше заеднички концерти со Јадранка.