Таг: далас маверикс

Јута Џез растураше додека не дојде Лука Ел Нињо Маравиља

Екипата на Јута е најдобра во цела НБА лига во моментов. Џезерите имаа дури 9 победи по ред, ама Далас Маверикс предводен од Дончиќ им ја прекина серијата.

Нови трикови од циркузот на Лука Дончиќ

Во првиот меч како 22-годишен откако прослави роденден во неделата, Лука Дончиќ уфрли 33 поени со 10 скока и 9 асистенции во победата на Далас Маверикс над Орландо Меџик 130-124. Лука имаше и пар луцидни додавања.

Колекционерска картичка со автограм од Лука Дончиќ продадена за 4,6 милиони долари

Американците со децении негуваат посебен однос кон колекционерство на картички со потпис од познати бејзбол играчи, кошаркари, фудбалери, рагбисти. Една таква картичка со потпис од Дончиќ продадена за страшна сума.

Лука Дончиќ со рекорд на кариерата

Асот на Далас го одигра најдобриот меч откако е во НБА. Во триумфот на Маверикс над Њу Орлеанс Пеликанс 143:130, Лука Дончиќ уфрли 46 поени (12/22 за два, 5/8 за три и 7/9 слободни фрлања) со 8 скока и 12 асистенции.

Дончиќ даде тројка со нога

По катастрофална серија од неколку порази по ред кои скоро ги исфрлија од игра за плејоф, кошаркарите на Далас Маверикс сега врзаа две победи по ред. Синоќа ја совладаа Минесота 127-122. Лука Дончиќ даде 26 поени а уште на загревање се виде дека е во ритам.

Јак дуел на Јокиќ и другар му Дончиќ

Денвер и Далас Маверикс одиграа супер дуел кој го добија Нагетси 117:113. Јокиќ уфрли 20 поени и 10 скока, а Дончиќ одново имаше ѕверска партија со трипл-дабл.

Обрачот тролаше кошаркар на Далас

Интересен момент се случи на средбата Феникс - Далас (106:102), кога после шутот на Џош Ричардсон од Маверикс, топката 5 пати се вртеше околу обрачот пред да влезе. Играчите се изнасмеаа.

Никако не можеа да го сопрат Дончиќ, па намерно го удираа

Кошаркарите на ЛА Клиперс го елиминираа Далас Маверикс со 4-2 во првата рунда од НБА плејофот. Лука Дончиќ и на шестиот меч по ред беше фантастичен, со неверојатни 38 поени, 9 скока и 9 асистенции. Во целата серија Дончиќ беше грубо физички удиран од противничките кошаркари, а најбезобразен беше Маркус Морис.

Мирјам Потербин - најпознатата мајка во НБА која се грижи за бизнис империјата на Дончиќ

Мирјам Потербин е козметолог, претприемач, поранешна танчерка и модел од Словенија. Светот ја знае како мајка на еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ.

Дончиќ и Бобан 1 на 1

НБА лигата продолжува на 31 јули, а сите натпревари ќе се играат во огромниот комплекс Светот на Дизни во Оландо каде има повеќе хотели, сали и комплетни услови за завршница на најдобрата НБА лига. За тоа време во Далас Маверикс се острат Дончиќ и Бобан Марјановиќ кои се пробаа 1 на 1.

Во Далас Маверикс не им е досадно, Бобан ги учи како да кажат коњ

Тим Хардавеј, Сет Кари, Хозе Хуан Бареа, Двајт Пауел и Џастин Џексон, сите од Далас Маверикс учеа по некој српски збор од горостасот Марјановиќ.

Лука Дончиќ ден 7-ми без баскет

Додека фудбалерите низ светот веќе шкрипат со заби, им се трча им се плаче, па решија жонглираат со тоалетна хартија во домашен карантин, по нивен пат тргна и најдобриот европски кошаркар во моментов во НБА, Лука Дончиќ.

Краткиот шут на Дончиќ од пола терен што ќе го смрзнеше Јунајтед Центар

Чикаго Булс тесно, со 109-107 го победи Далас Маверикс во чии редови Лука Дончиќ за 38 минути даде 23 поени, со 5 скока и 9 асистенции. Во последната секунда со големо чувство фрли еден шут од половина терен ама беше краток за малку. Нa околу 20.000 навивачи во „Јунајтед центар“ им се смрзна крв.

Девојчето што плачеше да не оди во кревет, за да го гледа Лука Дончиќ

Симпатично видео од домот на едно семејство во Хјустон, стана прав хит на социјалните мрежи после што реагираа и од Далас Маверикс.

Лука Дончиќ го освои и Мексико, дечкото игра сезона од соништата

Словенечкиот репрезентативец ќе остане запаметен како прв играч кој остварил трипл-дабл на НБА меч одигран надвор од границите на САД и Канада.

Дончиќ собрал 2,2 милиони долари за болно дете, па го победи идолот Леброн

Лука во моментов е најатрактивен кошаркар во најдобрата светска лига. Синоќа одново ја загреа глобалната сцена со дуел 1 на 1 против Леброн Џејмс на мечот Маверикс - ЛА Лејкерс кој неговиот Далас го доби 114:100. Но пред мечот Лука направи едно прекрасно дело.

Маестралниот Лука Дончиќ сам го победи Хјустон

Репрезентативецот на Словенија сериозно се наметнува за наградата МВП на сезоната. Синоќа буквално сам го победи Хјустон и најдобриот играч во регуларниот дел лани, Џејмс Харден.

Магијата на Лука Дончиќ против Сан Антонио

Дончиќ синоќа стана вториот најмлад играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл со најмалку 40 поени. Само Леброн Џејмс имал таков учинок. Словенецот во триумфот на Далас над Спарс 117:110 постигна 42 поени (14/27 од игра, 5/13 за три поени) со 12 асистенции и 11 скока.

Култните Вејд и Новицки ги одиграа последните средби пред своја публика

Уште две легенди со кои пораснаа многу генерации го истрчаа последниот круг пред своите навивачи, во салите во кои освојуваа трофеи, славеа победи, признаваа порази. Крај на кариерата за Дирк Новицки и Двејн Вејд.

НБА ѕвезда од Европа се соочува со затворска казна поради наводно силување

Полицијата во Њујрок денес отвори истрага во врска со обвинението дека кошаркарот на Далас Маверикс, Кристапс Порзингис пред околу една година силувал девојка.

До вчера си го бирал на Плејстејшн, сега се чувате под кош

Најдобриот млад европски кошаркар во моментов, Словенецот Лука Дончиќ одлично се снаоѓа во НБА. На овогодинешниот драфт Лука беше избран од Атланта Хокс како 3. пик но брзо го пратија во Далас Маверикс во замена за 5. пик на драфтот Треј Јанг.

Ејтон како прв пик оди кај Кокошков, Лука Дончиќ кај Новицки во Далас

Во Бруклин синоќа се одржа фамозниот НБА драфт на кој најдобриот кошаркар од стариот континент го избра Атланта но веднаш го трејдуваше во Далас.

Кога Винс Картер заби преку играч висок 2,18 и го смени погледот на кошарката

Авторот на најлегендарното „куцање“ во историјата на кошарката денес полни 41 година, и да, ден-денес игра на највисоко ниво.

Кога чекаш НБА на плус поени во диско

Од 13:00 си ја фатил Гетафе - Леванте Тим1, од 16:00 Вокинг ти ја дава гол-гол, од 18:00 Фиорентина глатко ја кружиш со Киево, вечерта Монако те поти до 90-та и го чекаш Далас на плус а не мрда.