Таг: чевли

Очајни мерки за очајни времиња: како производителите на алкохол си ги криеле трагите за време на прохибицијата

Ова на фотографијата не е некаква импровизирана платформа за добивање на висина (како оние што викаа дека ги носел за сликање поранешниот француски претседател Саркози). Ова е за буквално покривање на траги на илегални производители на алкохол за време на прохибицијата. А може да послужи и за криења од секаков друг вид.

Кои чевли излегуваат од мода годинава и што ќе ги замени?

Нема да кажеме многу, освен дека 2022 баш и не може да се пофали со модели за паметење.

Надреалистката што прави чудни обувки

Беате Карлсон прво доби внимание на њујоршката модна сцена поради еден газ - поточно, силиконска реплика на задникот на Ким Кардашијан, а го носеше за време на модната недела. Телесната модификација е начинот на кој Карлсон, креативната директорка на брендот Ававав, ги креира новите силуети.

Модата на шпицерајќи виновна за деформирани стапала во средниот век

Ексцентричните средовековни чевли со долги шпицести врвови, до доцниот 14 век толку ги деформирале нозете на неговите поданици, што англискиот крал Едвард морал да донесе закон - шпицот да не смеел да биде подолг од 5 сантиметри.

Гратис психологија од продавач на кондури

Дечково не е Ал Банди ама ќе промрчи. Работи како продавач и без прозборен збор знае сè за тебе, и тоа со инсајдерски детални податоци. само врз основа на чевлите што ќе му ги донесеш на каса. Сличностите не се случајни.

Баркли го набуцка, па Шек заби во чевли и одело

Чарлс Баркли и Шекил О’Нил беа доста активни за време на Ол Стар викендот. Во еден момент ставија кладба, т.е. Баркли тврдеше дека Шек (43) е стар, дека има многу килограми и дека не може како порано, на што гигантот одговори на паркетот.

Како прописно се чистат чевли

Знаете она кога ќе го земете сунѓерчето и ќе ги минете чевлите и мислите дека сте завршиле работа и сте ги исчистиле? Епа врска нема. Бонус: како се прават Луј Витон чевли.

Чевли, чевли, па цел свет

Нема понеграциозна сцена од жена што многу сака да се штикла, а не знае, па без да сака се подгрбавува, ги шири нозете на О давајќи притисок на надворешната страна на табаните и во најлошите случаи ги влече штиклите по земја создавајќи прилично непријатно штракање. Кога во цело неумеење облака и некои вакви чевли, тогаш драги мои купете семки и спремете се за сеир, забавата може да започне.

Чевли кои ве враќаат дома

Британскиот уметник Доминик Вилкокс, за кого доста се пишуваше по нашите медиуми, има нов „проект" - чевли кои си го знаат патот до дома.