Таг: четврта лига

Да ти каже чичо каков гол дал против Марсеј на времето

Така ќе им раскажува Жереми Постераро, анонимен фудбалер на францускиот четвртолигаш Кан Русилон за неверојатниот гол кој го даде против гигантот Марсеј.

Кога судија ја пишал 5+

После мечот од 4-та холандска лига меѓу Харкемас Бојс и ХСВ Хоек може да кажеме дека сме виделе сè. Еден од стрелците на мечот беше и главниот судија кого топката го удри во лева нога и заврши во мрежата по хаос во шеснаесетникот. Мртов ладен го призна голот со кој Хоек намали на 3:2 и покажа кон центарот. На крајот мечот заврши 4:2.

Пијам по 3 литри вода на ден, не можев да го додржам

Голман од четвртата италијанска лига беше искрен до даска околу повикот од природата кој бил неизбежен за игнорирање на сред натпревар, но тоа не му донесе помилување кај судијата.

Што се случува со Парма?

Клубот кој во ’90-те години го достигна врвот во моментов е целосно реорганизиран, се вика Парма Калчо 1913 и се натпреварува во аматерската Серија Д од каде тргнува на пат кон погорните лиги. Претседател на клубот е легендарниот Невио Скала, капитен е Алесандро Лукарели а тренер младиот Луиџи Аполони. Во моментов се убедливо први и од следната сезона ќе играат во Лега Про (италијанска трета лига). Сезонава продале 12.000 сезонски влезници и покрај тоа што играат во аматерска лига.

Најкриминалниот гол во фудбалот

При резултат 1:1 гостите даваат гол со ножички и во тој момент никој не се радува бидејќи топката ја допре мрежата од надвор. Во следниот миг се слуша едно „гол“ кое го повторија уште неколкумина, сосема доволно за судиите да поверуваат дека стварно е гол. Домаќините престанаа да играат. Оваа мизерна сцена ни доаѓа од романската четврта лига која треба да се забрани штом ова го сметаат за гол.

Червените живеат

Во новата епизода, Копа 90 раскажува за најтрофејниот бугарски клуб ЦСКА Софија, кој поради лошото раководење за малку ќе згаснеше. Червените не добија лиценца за настап во првата лига и решија да тргнат од нула. Сезоната 2015/2016 ја почнаа во третата лига, со целосно изменет состав и стручен штаб, но и со 15.000 гледачи секое коло на трибините. По првите 16 кола, ЦСКА има 16 победи, 65 дадени голови и само еден примен.

Навивачката страст не умира ни во четврта лига

Романскиот клуб Политехника беше вицешампион, два пати го освои романскиот куп, а има играно и во Лига Европа. Откако клубот пред неколку години се распадна поради финансиски проблеми, нов со истото име оформија навивачите кои на трибините прават спектакл како на аргентинско дерби.

Лоб од слободен удар на американски начин

Ваков гол во американската четврта фудбалска лига не виделе ни фудбалерите, ни публиката, ниту коментаторите кои реагираа како Џордан да ја закуцал врз Шекил.

На Никола му легна од 40 метри

Растеретен од тоа дека некој го гледа на тв или ќе го седне на клупа ако ја рогне на брдо, играч од четврта австриска лига по име Стар Никола ја прими и потоа си го направи меракот.

Швајцарски клуб ги избрка сите играчи

Последниот пораз 10:0 го натерал спортскиот директор на швајцарскиот нисколигаш Греншен да ги отпушти сите фудбалери, од прв до последен. Поддршка за потегот има и од спонзорот на клубот.