Таг: булки

Фудбалерот што не стави булка

По повод денот на сеќавањето (11-ти ноември), сите фудбалери во англиските лиги, како и остатокот од земјата, на своите дресови ставаат црвена булка во знак на сеќавање на сите загинати британски војници. На годинешното одбележување, еден фудбалер одби да стави булка. Пред јавноста да побара линч тој ги објасни своите причини.

Булки кај тврдината

За обележување на 100-годишнината од вклучување во Првата светска војна, од Кулата на Лондон "потече море" од керамички булки, по една за секој загинат британски војник. Ги има вкупно 888.246. Има и исто толку булки. Насловот на инсталацијата е "Blood Swept Lands and Seas of Red."