Таг: бучава

Бучавата е новото 'sеcondhand' пушење

Во САД дури и во националните паркови постојано се слушаат звуци произведени од човечки фактор а единствените мирни места во земјата се библиотеките и музеите.

Што фали скопските џамии да користат вајбер?

Во обид да го намалат звучното загадување во главниот град, властите во Гана ги замолија одговорните мујезини во градските џамии, наместо да рокаат звучници, да ги повикуваат верниците на молитва преку WhatsApp. Нормално, овие веднаш реагираа дека е тоа шејтанска идеја.

Најдобриот германски центарфор не оди во Реал поради проблем со ушите

21 годишниот Тимо Вернер е најталентираниот напаѓач кој Германија го има во моментов и тој на крајот на есента се најде на шорт-листот на Реал Мадрид заедно со Икарди, Алексис Санчез и Федор Смолов.

Фудбалер на Лајпциг се исплашил од бучавата во Истанбул и излегол од игра

Фудбалерите на турскиот шампион Бешикташ се најпријатното изненадување во првите две кола од Лигата на шампионите. Носени се на крилјата на пеколно гласните навивачи од кои некои играчи вистински се плашат доле на тревникот.

Шведски министер на денот

"Бучниот секс е подобар од немање секс. Ако имате бучни комшии, стиснете заби и издржете", порача младиот шведски министер за здравство.

Ако ви пречи мљацкање

Следниот пат кога ќе ви дојде да го задавите колегата зашто со мљацкање го јаде својот сендвич, едноставно опуштете се за момент и дозволете да ве облее мислата дека сте генијалец. 

Историја на вревата

Хилел Шварц, 64-годишен поет, историчар на културата и писател,е автор на обемната студија „Правење врева: од Вавилон преку Биг Бенг и понатаму". Во неа потсетува на едно интересно Здружение, формирано во Њујорк 1903. Претседател на еден од ограноците бил Марк Твен.