Таг: борнмут

Во Борнмут не царува другарство

Борнмут игра сјајна сезона во Чемпионшип и после 19 кола е лидер со 10 победи, 7 нерешени и само 2 порази. Дадоа 35 гола, ама на некои играчи и тоа не им е доволно. На мечот против Виком еден со друг се фатија Жуниор Станислас и Сем Стариџ, па ги двоеа.

Артур Боруч, голманот на Борнмут, водеше навивање против Ренџерс

Полскиот репрезентативен голман зад себе има богата кариера. Цели 5 години го чуваше голот на Селтик, потоа бранеше во Фиорентина, па во Саутемптон и сега е во премиерлигашот Борнмут.

Некој ја утна работата на Борнмут - Вулверхемптон

На меч од англиската Премиер лига меѓу Борнмут и Вулверхемптон (1-1), во еден момент имаше смешна ситуација со прскалките. Дали автоматски се вклучиле дали некој од луѓето задолжени за теренот решил да си поигра?

Глума на колото

Пеле, Роналдињо, Роналдо и другите бразилски легенди сигурно се срамат од тоа што го прават пар репрезентативци на оваа земја. Прво Нејмар цело Светско паѓаше како да е покосен, сега Фред од Манчестер Јунајтед го заменува.

Дедо одамна се кладел дека внук му ќе дебитира за Англија, го чека добивка

Дедо е дедо. И да те носи на фудбал и да те зема од школо и да те чува, но и до крај да верува во тебе. Таков е случајот со најголемото изненадување во англиската репрезентација, Луис Кук.

Созревањето на „Црешите“ од Борнмут низ годините

Пред неколку години Борнмут се влечеше во мизерија во третата дивизија. Главна цел на клубот беше да се ослободи од долговите и да избегне банкрот. Денес тимот е полноправен борец во Премиер лигата способен да го победи Ливерпул.