Таг: атлетико мадрид

Лудиот Бургос, помошникот на Чоло Симеоне, со лакт бранеше бомби

Општо познат факт е дека голман не може да биде секој. За тоа не само што требаат мачкини вештини, него треба и некој летнат гулаб. Херман Бургос, на млади години во Ривер Плејт:

„Љубо Пенев беше суеверен, последен влегуваше во автобус, чекаше прво сите да влезат“

Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.

Почина Радомир Антиќ, единствениот тренер кој ги водеше Реал, Барса и Атлетико

Трофејниот српски тренер кој седеше на клупата на најголемите шпански клубови Реал, Барселона и Атлетико Мадрид, починал во клиниката „Рубер“ на 71 година во главниот град на Шпанија, од сепса и проблеми со панкреатитис.

Од дружба со бандити до благослов од Папата Римски

Нетфликс и другите титани на филмската продукција сериозно би можеле да подразмислат да снимат документарец или игран филм за животот и делото на Анхел Кореа, Аргентинецот од Атлетико Мадрид.

Кај Симеоне дома на 2:3

На Ливерпул, ваков како што е опасен и полетен со Клоп и плус бранител на европската титула, да му одиш на гости, да губиш 2:0, а потоа да му пикнеш 3 комада во продолженија, треба стварно да си мангупиште. Чоло синоќа беше, а дома имаше џумбус кој го снимаше жена му.

Малку кој слушнал за него, а сега стана адут од ракав кој го сруши Ливерпул

Кога во 56’ минута од реваншот Ливерпул - Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го извади Диего Коста и го стави малку познатиот Маркос Љоренте, никој не можеше да претпостави што ќе се случи.

Диего Коста им кашлаше на новинарите да се шегачи со вирусот

Одамна знаеме дека има моронски испади, така што вакво нешто од центарфорот на Атлетико Мадрид може да ги изненади само неупатените.

Бандата на Чоло го освои Енфилд Роуд, ПСЖ оди понатаму

На крцат „Енфилд“, Атлетико Мадрид успеа дури во продолженија да се протне до четвртфиналето, а ПСЖ без гледачи ја надомести негативата со Дортмунд.

Норвешкото чудо го потопи ПСЖ, Симеоне и Атлетико го скротија Ливерпул

Во Дортмунд на мечот Борусија - ПСЖ мрежите мируваа до 69' минута па следуваше канонада за 7 минути. Халанд е гол машина, не знае за доста. Саул му донесе 1-0 на Чоло пред „Енфилд“.

Импозантни кореографии во Дортмунд и Мадрид

Навивачите на Борусија Дортмунд на мечот од 1/8 финалето на ЛШ против ПСЖ уште еднаш покажаа зошто се едни од најдобрите во светот. „Жолтиот ѕид“ приреди кореографија за паметење. Преубав амбиент и пред мечот Атлетико Мадрид - Ливерпул

Спремни за полетување, се враќа Лига на шампиони

После 69 дена, на сцена се враќа елитното клупско натпреварување. На програмата вечерва се 2 меча, кој од кој појак за гледање, коментирање, анализирање. Клоп оди кај Чоло Симеоне кој рече дека Германецот е број 1 тренер на светот и многу го почитува. Во Дортмунд судар на машините за голови.

Магијата на третолигашот кој ги исфрли Чоло и Атлетико Мадрид од Купот

Првпат после 2011-та година, Атлетико Мадрид изгуби во шпанскиот Копа дел Реј од екипа во подолна лига. Синоќа против Културал Леонеса, Атлетико поведе преку Анхел Кореа во 62’ минута, но домаќините се изборија за продолженија преку Хулен Кастанеда. Во 108’ минута Серхио Бенито со волеј ги исфрли „јорганџиите“ од Купот.

Барса кај ти е одбраната?

Кога Барселона води 2:1 на 10 минути до крај, тогаш лотарија од ептен ретки размери е да погодиш дека ќе загуби. Синоќа во полуфиналето на Супер Купот се изгубија позади и мислеа дека играат против Елче. Атлетико им направи пресврт во 81-ва и 86-та.

Туку што беше со одбраниве на Тер Штеген

Атлетико Мадрид беше подобар во поголемиот дел од дербито на колото со Барселона, но мечот на крај го реши Меси со гол во 85' минута после една контра. Но човекот на кого сите му се поклонуваат е можеби најдобриот голман во моментов во Европа. Марк-Андре Тер Штеген.

Дозволено ли е вакво криење на топка пред гол?

Фудбалерите на Севиља го приредија најчудното бранење кое се случи на мечот против Атлетико Мадрид и тоа во судиско продолежние. Само на забавена снимка ќе сфатите што уствари се случува во таа хаотична ситуација на сама гол линија.

Бразилскиот фудбалер од Астон Вила кој добил дете на 14 години, а на 16 имал две

Додека сите познати спортисти на поодминати години им раскажуваат на своите внуци колку биле славни на времето, на бразилскиот центарфор кој игра во Астон Вила нема да му треба многу време. Децата ќе го памтат како „талентираниот шпиц“.

Албанска криминална група ги крадела фудбалерите на Реал, Барса и Атлетико

Шпанската национална гвардија привела четири лица кои ги ограбиле домовите на познати фудбалери кои живеат во Мадрид. Сите се со албанско државјанство.

Барса, Атлетико и Реал дали да играат или да чуваат куќа од крадци

Како што пренесуваат шпанските медиуми, домот на Томас Парти од Атлетико Мадрид по втор пат бил провален и фудбалерот ограбен во само една недела. Парти е којзнае кој фудбалер по ред на кого му го пљачкаат домот.

Облак голманиште

Атлетико Мадрид освои 3 златни бода во Москва против Локомотива, а еден од најзаслужните за триумфот беше Словенецот Јан Облак.

Дисциплината на Атлетико кога треба да се бранат

Кога на Атлетико Мадрид ќе им земеш топка на нивна половина, мора да побрзаш со брзина на светлината, инаку ќе ти се сипе цел тим. Погледнете ги овие атлетски спринтови на момците на Симеоне против Локомотив Москва. Мислиш трка на 100 метри имаат.

Жоао Феликс со нова лудорија на тренинг

Португалецот во моментов е најозборуван фудбалер во шпанската лига. На пред-сезонските натпревари правеше дар-мар, а растури и на првиот меч во Ла Лига. Дечкото е магија.

Гризман има уникатен татко кој се изборил за синот и скромно работел до пензија

Летово Барселона за Гризман даде 120 милиони евра, што само го потврди статусот на Французинот како еден од најдобрите играчи на светот. Оние кои знаат повеќе за него, сигурно го гледале раскошниот документарец за Антоан од Netflix, но таму не се зборува многу за најважниот човек во неговиот живот.

Жоао Феликс дами и господа

Со голот на Алваро Мората во 23’ минута, Атлетико Мадрид го совлада Гетафе со 1:0, а Жоао Феликс одново покажа зошто важи за чудо од фудбалер.

Сам против сите

Се игра мадридско дерби во САД, а на трибина најнепосакуван навивач кој ризикува да мине лошо. Дечкото ги провоцираше доста храбро и успеа да остане жив и здрав.