Таг: асколи

Деби гол на Несторовски за Асколи

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја начна мрежата и во третата италијанска авантура после оние во Палермо и Удинезе. Нестор му донесе предност на Асколи против Сампдорија во 49-та минута, но гостите ги поставија конечните 1:1 само две минути подоцна преку Борини од пенал.

Деки Станковиќ се израдува на прва победа со Сампдорија после 22 пенали

Довчерашниот стратег на Црвена Ѕвезда, како тренер во Италија дебитираше со 1:1 во Болоња, па загуби дома од Рома. Стигна првата победа, ама во Купот после голема драма во продолженијата.

Убавиот гол на Елмас за победа на Наполи

Наполи игра одлично во подготвителниот период. Откако го згромија Баерн со 0-3 среде Минхен, сега победија 2-1 против Асколи. Елиф Елмас го постигна победничкиот гол и тоа само 70 секунди откако влезе во игра на теренот. Асистенцијата на капитенот Лоренцо Инсиње е за најавни шпици.

Што направи бе мајсторе?

Голема беше конкуренцијата на киксови и глупости во 2018-та, ама што го направи голманот на Асколи на гости против Палермо е врвот на сите автоголови. Овој сигурно сака што попрво да ја испрати и да ја заборави годината. Инаку Сицилијанците славеа 3:0. Трајковски беше стартер, Иле е повреден.

„Ало, здраво, овде е човекот чија биографија ја читаш“

Со неколку потези „ги извади од копачки“ своите противници и го сврте фокусот кон себе. За неговиот потпис најбрз од сите бил Јувентус чијшто член Рикардо Орсолини ќе стане од јуни до кога ќе игра во матичниот Асколи.

Како некому со дриблинг да му завршиш кариера

Рикардо Орсолини има 18 години и е дете на италијанскиот Асколи. За него се интересираат сите великани од Серија А, а еве и зошто.

Морбиден протест и во Италија

Националните првенства привршуваат, а тимовите со најмалку бодови во последните кола водат жестоки битки за да не испаднат во пониска лига и да ги изнервираат навивачите. По Србите и Бугарите, фудбалското игралиште во гробишта го претворија и ултрас навивачите на Асколи.