Морбиден протест и во Италија

Националните првенства привршуваат, а тимовите со најмалку бодови во последните кола водат жестоки битки за да не испаднат во пониска лига и да ги изнервираат навивачите. По Србите и Бугарите, фудбалското игралиште во гробишта го претворија и ултрас навивачите на Асколи.

Поразот од Бреша од 3:2 овој викенд за навивачите на италијанскиот второлигаш беше прелевање на чашката, затоа што тимот на Асколи кој пред 6 години се натпреваруваше во Серија А, на две кола до крајот на првенството му се заканува испаѓање во третата лига.

Навивачите кои на гостувањето против Бреша допатуваа во огромен број од околу 10 000 ги загубија нервите и во тренинг центарот ископаа 11 гробови и оставија отворена порака до клубот дека повеќе немаат трпение и доколку не обезбедат опстанок ќе почнат со насилство.

Ваквиот морбиден протест не е новост во Италија. Во 1992 година ваква закана упатија навивачите на Авелино, а пред 5 години гробови копаа и ултрас навивачите на Модена по поразот од Болоња од 4:1.

7 мај 2013 - 13:50