Таг: антонио кандрева

Бламажа на Лукаку и лудачки гол на Кандрева од нереална позиција

Продолжува кризата на Интер кој не успеа да ја победи ниту Салернитана и ако продолжат со ваква серија, ризикуваат да останат без пласман во топ 4. Лукаку од едно метро не може да го погоди голот, а нивниот поранешен играч Кандрева ги казни во 90-та за конечни 1:1.

Голот на Милик е регуларен, ВАР го заборави Кандрева

Во 12 минутното судиско продолжение на мечот Јувентус - Салернитана најголемата драма се случи поради голот за 3:2, коj според тврдењата на Скај Спорт не требало да биде поништен.

Го видовте ли голот на колото во Серија А?

Тотално луд меч одиграа Сампдорија и Удинезе во 7. коло од Серија А. Паднаа шест гола (3:3) а Андтонио Кандрева некогашниот фудбалер на Лацио и Интер постигна абнормален погодок од далечина.

На Кандрева му дојде преку дур

Шибам на гостување во Лига на шампиони, вторник е. Не можам веќе, скапавме дома месец и кусур. Па ако треба со жена и деца ќе земам со мене. Отидов, поздрав.

Конте ги слави головите како да е суден ден, Лукаку го сака најмногу

Во рамки на меѓунеделното коло од Серија А, Интер со головите на Лаутаро Мартинез во 23’ и Ромелу Лукаку во 63’ ја совлада Бреша на гости, а тренерот Конте се радуваше како блесав.

Бомбата на Кандрева од друг агол

Антонио Конте ја запали машината. Интер со 4:0 го прегази Лече во последниот меч од првото коло на новата Серија А. Меѓу стрелците беше и Ромелу Лукаку кој постигна гол на дебито, а играч на мечот беше ветеранот Кандрева.

Многу људски гест на Антонио Кандрева

Познатиот италијански фудбалер го знаеме како ѕвезда на Интер и италијанската репрезентација, но дечкото има и други квалитети надвор од фудбалот. Со овој потег прави ем добрина, ем испраќа фина порака во земја која има многу проблеми со дискриминација.

Две епски промашувања, едното на Кандрева, другото на Васкез

Во натпревари од Купот, Лукас Васкез пропушти да му донесе убедливо водство на Реал во реваншот против Жирона а зицер промаши и Кандрева на мечот Интер - Лацио.

Сам себе си асистирал

Антонио Кандрева против Фиорентина направи потег кој сигурно ќе влезе во некоја фудбалска компилација со смешни ситуации. Никој не го прифати неговото додавања, па виде не виде си ја собра топката. Е не ќе ги моли.

Златна палма за Антонио Кандрева

Ај што едвај ја победија Малта 1:0 со гол со рака на Грацијано Пеле, се обидоа да изнудат и непостоечки пенал. Поточно, фудбалерот на Лацио Антонио Кандрева ги покажа своите глумечки способности.

Офсајд ликови: Кандрева и Бонавентура

Некои тренери се лутат кога играчите изведуваат акробации откако ќе постигнат гол, како Мартинс кога прави салто како гимнастичар. Други трчаат спринт и се качуваат по огради. Ризикот не е многу голем, само може да паднат 20 навивачи, некој да скрши нога и да не игра два месеци.