Таг: американски избори 2012

6 работи после изборите

Обама речиси и да не се подготвувал за првата дебата, а Ромни толку бил уверен дека ќе победи што потрошил 25.000 долари на огномет за победата. Има уште.

Кој го донесе клучот за победата на Обама?

Аналитичарите деновиве на ангро мозгаат што беше пресуден фактор за победата на Обама: прецизната демографска стратегија, тајмингот на Сенди, бизнис профилот на Ромни.... Имаме два збора за нив: Нурсултан Назарбаев.

Каде сè гласаат Американците?

Продавници, казина, берберници, мртовечници, дури и приватни домови. Ѕирнете на кои сè места Американците имаат можност да гласаат.

Барак Обама го освои вториот мандат

Охајо повторно се покажа пресудно за американската претседателска трка. Барак Обама го добива вториот мандат благодарејќи на ефикасна кампања темелена на испробана техника - оцрнување (метафорично де) на противникот.

Вол Стрит го издаде Обама

Фамозниот "1 процент" кој држи 40% од американското богатство и е олицетворен во Вол Стрит, изборите ги чека со ливче уплатено за Мит Ромни. Многу чуден пресврт, ако се знае дека Обама во првиот мандат се искрши за да им покаже дека е нивен играч.