Таг: американски фудбал

Фати го ако можеш

Де'Антони Томас од Универзитетот Орегон е најбрзиот човек во американскиот фудбал. Рагбистот познат како „Црната Мамба" слободно може да смени професија и да стане спринтер затоа што 100 метри трча за 10.57 секунди.

Најемотивниот тачдаун во американскиот фудбал

Еден голем респект за цело одделение во ова основно училиште во САД од каде децата на својот ученик со посебни потреби му го остварија сонот, се почуствуваа како херои и ја расплакаа публиката.

Новиот дом на рагбистите од Алабама

Универзитетот Алабама потроши 9 милиони долари за реновирање на просториите на нивниот рагби тим и го доби најмодерниот тренинг центар и објект на кој би му позавиделе сите спортски екипи од светот.

Војна на шампионите

Освојувачот на НФЛ лигата, Балтимор Рејвенс преку својот Твитер профил непотребно се обиде да му фати сеир на шампионот на НБА лигата, Мајами Хит за нивната наводно слабо посетена парада.

Со клипче на Јутјуб до професионален договор

Постирањето на сопствено видео зачинето со вашите вештини кои ги поседувате, понекогаш може да ви го исполни сонот. Тоа му се случи на Норвежанецот Хавард Ругланд кој од играње аматерски фудбал, стигна до најпопуларниот американски спорт НФЛ.

Сезонски карти во тестамент

На листата на чекање за сезонски влезници за натпреварите на НФЛ тимот Грин Беј има 105.00 имиња, па ако сега ви текне да аплицирате, ќе чекате над 900 години.

Балтимор го освои темниот Супер боул

Можеби за нас малку непознат спорт, но во САД синоќа владееше вистинско лудило. Супер Боул XLVII натпреварот им припадна на Балтимор Рејвенс по возбудливиот меч со Сан Франциско Фортинајнерс. Еден од најгледаните спортски настани на планетата го одбележа и прекинот на електрична енергија.

Најлудите опклади за Супер Боул

Во понеделник рано наутро по наше време во Њу Орлеанс ќе се одигра Супер Боул, односно натпреварот кој со нетрпение го очекуваат сите фанови на американскиот фудбал, но и луѓето кои обожаваат да вложуваат пари на чудни опклади.

Од камионџија до најмоќен тренер

Ник Сејбен кој во минатото низ Америка разнесувал Кока Кола, стана трикратен првак со екипата на Алабама Кримсон Тајд во популарниот американскиот фудбал (рагби) во универзитетската лига.

Always A Fire

Краток документарец за поранешниот член на Њујорк Џајантс, Чад Џоунс, кој како еден од најдобрите колеџ спортисти влегува во НФЛ. Кратко по ова доживува сообраќајна несреќа пред воопшто да изигра еден единствен натпревар. Во сообрајката Чад речиси загинува. По 2 години терапија, тој се очекува дека во 2013-та ќе се врати во НФЛ.