Таг: ален халиловиќ

Талентот на Милан кој место голот, погоди шанк од бар

Хрватот Ален Халиловиќ (23) до пред некоја година важеше за ултра талентиран фудбалер. Барселона го доведе на 16 години, ама Хрватот не успеа да се докаже на „Камп Ноу“ па почна бескрајна авантура. Го позајмуваа во Спортинг Хихон, во Лас Палмас, во Хамбургер, пред да дојде во Милан. Не се снајде ни на „Сан Сиро“ па го позајмија во холандски Херенвен. Пред неколку дена го дал првиот гол сезонава, а неколку минути претходно направил р’шум во подтрибинскиот бар.

Петте најголеми откритија на Ла Лига

Мадридското дерби во финалето на ЛШ и Севиља во финалето на Лига Европа се доказ дека шпанскиот фудбал е далеку пред другите. Овој шампионат кој многу традиционално го викаат првенство на две екипи, годинава беше интригантен до последното коло. Сезоната донесе и пет нови откритија.

Со млечни заби во Лига на шампиони

Ако Норвежанецот Мартин Одегард заигра за Реал Мадрид во двомечот против Шалке од ЛШ, ќе стане најмладиот фудбалер што настапил во историјата на ова натпреварување. Ова е листата на 10 најмлади дебитанти.

Детето и Ибра

Ова не е детенце-маскота на Динамо Загреб. Детето кое се поздравува со Златан Ибрахимовиќ е новиот талент за кој се заинтересирани сите европски гиганти.

Ален Халиловиќ, детето за кое зборува цела Европа

Модриќ, Едуардо, Чорлука, Шимиќ, Балабан, Манџукиќ, Олиќ... тоа се „деца" на Мамиќ. Динамо Загреб живее од вакви таленти на кои заработува милиони. Најновиот продукт на школото на Динамо загреб се вика Ален Халиловиќ.