Таг: ал сад

Најглупиот фаул што ќе го видите во фудбалот

Играат Ал Сад од Катар и Видад Казабланка од Мароко. Не ни е јасна намерава на ликов. Прво го држеше за врат како на некоја боречка вештина, а со другата рака му брцаше со прстот во око или така нешто.

Чичко ви Чави да ве научи да играте како Барселона во мое време

Мозокот со топка кој 17 години везеше на Камп Ноу, веќе две и кусур години на фудбалски занает ги учи во катарскиот клуб Ал Сад, истиот каде ја заврши играчката кариера во 2019-та. И одлично му оди ако се суди по извонреднaва акција. 8 потези од гол на гол од кои 7 на прва. Совршено одиграно.

Поздрав од дечките на Чави

Ги гледаш и си викаш: Барса ли е, Ал Сад ли е?

Нема голман за ваков топ од алжирскиот Жунињо

Буалем Кухи има 30 години, роден е во Алжир но игра за репрезентацијата на Катар. Настапува за клубот Ал Саад, а во кариерата сменил неколку позиции. Од крило во среден ред сега е стопер. Пазете го голот што го дал денес.

Преку 100.000 гледачи на полуфинале во азиска ЛШ

На „Азади“ стадионот во Техеран на мечот Персполис (Иран) - Ал Сад (Катар) се регистрирани повеќе од 100.000 гледачи. Двата клуба го играат реваншот од полуфиналето во азиската Лига на шампиони. Првиот меч го добиле Иранците, а Катарците водат по 25 минути игра во првиот дел.

Маестро го напушта Камп Ноу

Капитенот на Барселона и поранешен шпански репрезентативец, Чави ја прифати богатата понуда од катарскиот Ал Сад, каде ќе игра во наредните три години. Во Ал Сад веќе играше Раул Гонзалес.