Таг: адблок

Мрачната страна на блокирањето реклами

Блокирањето банери на интернет е тема на остра дебата уште од кога се појавува екстензијата Адблок во 2002. Во тоа време, таа е само мал страничен проект. Од тогаш, користењето на ад-блокери експлодира, и во декември 2016, 615 милиони уреди на интернет имаат блокирано реклами.

Адблок продаден на непознат купувач

Во исто време кога објави дека ќе почне да ги рекетари огласувачите за да не им ги блокира рекламите, Адблок (екстензијата со околу 40 милиони корисници на Хром и Сафари) објави и дека е продаден, без да дополни ни како, ни на кого.