Ле Фигаро објави информација дека поранешниот пејач на француската рок група од седумдесетите Téléphone, Жан Луј Обер, се подготвува да издаде соло албум чии стихови ќе бидат преземени од најновата книга на Уелбек.
Белградската филхармонија и без поранешниот директор Тасовац кој ја напушти за да стане министер за култура, продолжува со откачени проекти. Утре (7. февруари) таа ќе го изведе Мотоциклистичкиот концерт за тромбон и оркестар.
Мрачна, носталгична новела, единствената која некогаш ја напишал генијот на филмската уметност, се појавува за прв пат откако 60 години стоела некаде по архивите.
Масовните спортски настани, астрологијата, фундаментализмот и новинските наслови од типот „Родила дете со шест глави“ се сведуваат на истото - тие се чиста диверзија врз моќта за критичко мислење, вели Чомски. Тоа објаснува и зошто оние кои се рекламираат во паузите на Супер боул се подготвени за тоа да платат големи пари.
Неодамна пишувавме за мачорот (всушност неколку мачори со иста боја со кои мака мачеле браќата Коен) во филмот „Во главата на Луин Дејвис". Но има уште куп филмови во кои мачките не се главен лик, а сепак играат важна улога, или како симбол, или просто како украс во кадарот.
Научниците од MIT создале книга која ви ги пренесува чувствата на нејзините ликови. Ама буквално и физички - од тоа дали се препотуваат, имаат тахикардија или доживуваат екстаза. Замислите како функционира кога ја читате „50 нијанси".
Ако пред-дилановската сцена на Гринич Вилиџ не ви прави мерак, и ако саундтрак сам по себе не ви е доволен за да прогласите некој филм за добар, тогаш овој не е за вас. Единствено може да помогне ако сакате мачки.
Убав филм на една стара тема, за врската помеѓу писателот и ликовите кои тој ги создава. Но и за тоа колку љубовта е оправдување за тоа од некого да бараме да биде нешто што не е.
Биографски филм за една од најзначајните (женски) фигури во историјата на филозофијата на 20. век, чии ставови за „баналноста на злото" би требало да бидат сфатени сериозно и денес.
За да ја добијат битката со електронските книги, оние на хартија мораат да покажат што е она по што се незаменливи. Во 2013 излегоа неколку кои се вистинска посластица за библио-фетишистите. Можеби тоа е најава за идниот развој на пазарот на книжевни „хартии од вредност".
Нова книга за антологиските стихови на Мица Трофртаљка, џејмсбрауновската ароганција на Лепа Лукиќ и Александровац како српски Нешвил. Плус бонус песна со економско-социјална содржина.
„Внатре палатата на соништата: животот и времињата на њујоршкиот легендарен Челси хотел" е нова книга на Шерил Типинс која ја раскажува приказната за еден објект кој е нераскинливо врзан за историјата на современата култура.
Од новата серија Masters of Sex до сега сме поминале само неколку епизоди (од вкупно 12-те од првата сезона која ќе заврши во декември), но во тоа веќе гледаме почеток на едно убаво пријателство. Кои биле всушност Вилијам Мастерс и неговата асистентка Вирџинија Џонсон?
МО_Е_Е Д_ Г_О П_ОЧИ_АТ_ ОВ_? А АКО Е НШПИАНО АВАК? Можеби ќе ви треба повеќе време, но веројатно ќе успеете. Ако замислите како е да го читате секој сајт и секој текст на овој начин, тогаш сте малку поблиску до разбирањето на дислексијата.
Едно попладне во октомври 2005, невронаучникот Џејмс Фалон разгледувал снимки од мозоци на сериски убијци. И открил нешто неверојатно, за што напишал и книга.
„Работа во тек" (А Work in Progress) е ново издание во три тома на славниот готвач од најдобриот ресторан во светот НОМА. Нешто како ордевер, главно јадење и десерт, ама од зборови.
Понекогаш ни се случува да налетаме на книга на тема за која никогаш не би помислиле дека би имало интерес да се печати со тврда корица, и во формат попознат како „книга за на маса во чекална". Во случајов се работи за монографија посветена на - ритам машините.
По смртта на Лу Рид се појавија бројни сочувства и трибјути, но на повеќето од нив како да им фалеше емотивност. Еден текст дури тврди дека никој во новинарските кругови не сакал да му пише некролог на овој „човек без шарм“. Но топлиот и благороден текст на Пети Смит ја пополни оваа празнина.
Пријателството е еден од оние концепти кои интуитивно ги препознаваме, но кој одолева на обидите да се дефинира и рационализира. Една нова книга се обидува да го стори токму тоа.
Германскиот, со неговата способност да формира „долга магарица“ од неколку зборови, често е извор на заемки, барем во англискиот. Schadenfreude (сеир) или Zeitgeist (дух на времето) се само некои примери. А зошто покрај постоечките да не се измислат и нови?
Новата книга „Што го прави човека херој?" тврди нешто во кое често ни е малку тешко да поверуваме - дека човечкиот мозок е програмиран за несебичност. И дека песната на Мараја Кери не е толку лигава колку што звучи.
Били Кристл, актер, продуцент, комичар и режисер, кој стана најпознат по „Кога Хари ја сретна Сели", и по тоа што дури девет пати го има водено доделувањето на Оскарите, издаде автобиографија. Богами, има и што да раскажува.
Нова биографија на славното „врапче" тврди дека неколку работи кои досега важеа како точни во врска со нејзиниот живот се целосни измислици. Не дека тоа нешто ни менува кога е во прашање нејзината музика.