Вице Заев бил континуирано косопственик во оваа фирма од 2010 година, за да ја отуѓи истата со неисплатен долг кон Еуростандард банка само неколку месеци откако банката се затвори минатата година. Земени пари за да не се вратат.
Мислевме дека Јутјуб не држи снимка од рекордот на Македонија, стар 25 години, ама изненади. Тони Мицевски ги излета тројца како деца, плус голманот, Митко Стојковски ја опали опасно со левица, а Дејви Главевски дебитираше со хет-трик за репрезентација.
Покрај историската вечер на Кристијано Роналдо, од квалификациската мундијалска ноќ издвојуваме и две голчишта за почит. Можеби на Азербејџан е поатрактивен, но на Црна Гора е позначаен бидејќи падна во 97-ма и вреди бод.
Документарец на Блаже Дулев, со текст и нарација на Ристо Солунчев, ја вгнездува македонската чалгија во поширокиот историски и културолошки контекст на ориентот и го поврзува со западните влијанија. Истовремено претставува хроника на најважните чалгаџиски тајфи и поединечни музичари од Македонија.
Копавме од 93-та до денес за да ја извадиме на виделина традицијата на македонската фудбалска репрезентација против романската. Не е добра воопшто, ама таа Романија беше многу подруга, а исто сега и Македонија.
Поучна, за фестивалот на кој годинава Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста околина за првпат ќе настапат на иста сцена. Браво бе Таксират, и општо и конкретно.
На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.
Без разлика на возраст, нација, религија и навивачка припадност, сите вљубеници во италијанскиот фудбал долги години се возевме во возилото кое во сабота и недела го предводеше човекот кој сосема случајно доспеал во коментаторската позиција.
Иницијативниот одбор на „Обединети за фудбалот", групацијата составена од повеќе поранешни фудбалери, судии и тренери денеска начелно ја соопшти суштината на нивниот собир.