Учиме историја за „мажествениот“ стил на женската мода. Во коментарите има бисер: Една жена ја прашува мајка ѝ, родена 1926, што толку било битно и страшно кога жените почнале да носат панталони. Одговорот е, „Затоа што одеа скроз до горе!“, што значи се гледало каде завршуваат нозете, а каде почнува... газ!
Ви текнува на програмот што Шер од Clueless го имаше на компјутер, за испробување комбинации без мачење да се облекува? Е па, долго пред тоа, кралицата Марија Антоанета секое утро се консултирала со Gazette des Atours, компилација од примероци од материјали што го претставувале секое можно парче од нејзиниот неверојатен арсенал на облека, внимателно подредени по боја.
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“