Според нова студија, повеќе од половината Американци мислат дека во нив чучи идеја за роман, иако никогаш не се обиделе да го напишат. Најголемиот проблем, според нив, е „писателската блокада“ или немањето слободно време. Поинтересно е што ликот што ги фасцинира и за чиј живот би пишувале е токму нивниот.
Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.
Во октомври 2019 австралискиот психолог Стивен Тејлор објавува нешто што подоцна ќе излезе пророчка книга. Тоа едвај му успева, бидејќи издавачите на коишто им се обратил не верувале во нејзината релевантност и комерцијалност. Сега се бара примерок повеќе.
Кога новинарот Стивен Курци (Stephen Kurczy) тргнал од Њујорк во длабоката провинција на Западна Вирџинија, бил убеден дека ќе го најде модерниот Валден - оаза незагадена од последиците на дигиталната ера. Но дали навистина пристигнал во најтивката област во Америка?
На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.
Во црно-белата поделба на интроверти и екстроверти, има зона во која овие два типа се прелеваат во нешто трето - личност која „камелеонски“ се прилагодува на дадените ситуации.
Нова книга под наслов „Свет без електронска пошта“ од Кал Њупорт, тврди дека мејловите и пораките ја уништуваат продуктивноста на работните места. Не дека не го знаевме ова, ама убаво е да си повториме. И по неколку минути пак да си го провериме телефонот.
Нова книга на историчарот Вилијам Росно (William Rosenau) ја истражува радикално левичарската група формирана во 1970-тите во САД, позната под кратенката М19.