Бруно Јасиенски (1901-1938) бил полски писател-водач на тамошното футуристичко движење меѓу двете светски војни. Неговиот подзаборавен роман „Го горам Париз“ стана повторно актуелен во време на пандемијата. А има и зошто.
Денес, 14.10, почнува Франкфуртскиот саем, кој како и многу други традиционални настани нема да личи на себе. Сепак, за разлика од други големи книжевни саеми годинава кои беа откажани, овој барем се одржува.
Рубрикава е меѓу другото за читање книги и една од нејзините цели е да го промовира читањето. Но што кога и оние што вообичаено сакаат да читаат едноставно немаат концентрација и енергија за тоа? Мора нешто да не е во ред. Aма што?
Марк Сертиќ од Минесота е најстариот аматерски хокеар на планетата. Што се однесува до професионалците, рекордот и натаму го држи Горди Хоу кој ја завршил профи кариерата на 52 години и Јаромир Јагра, легендарен Чех кој уште игра на 48 години.
Во момент кога студентите подготвуваат испити, учениците треба да почнат да читаат лектири, а многумина конечно имаат време за читање или тоа им е потребно како анти-стрес терапија, нашите библиотеки се затворени. И не само тоа, туку колку што сме информирани немаат ама баш никаква активност која би можела на пристојна дистанца да ја врши својата основна мисија.
Книгата се вика „Американско ѓубрe“ (American Dirt) и се однесува на Мексиканка која се обидува да влезе во САД со нејзиниот син. Но авторката е бела, и според дел од оние кои (бурно) реагираат, таа нема право да зборува на оваа тема, од која наводно прави „сензација“ за сопствена полза.