Ерол Морис е наградуван режисер на документарци и автор на над 1000 реклами, меѓу кои и за познати брендови како Епл. Но една фотографија од 1855 толку го опседнала што отпатувал на Крим и изнајмил топ за да провери дали е вистинита.
Малку ни е тешко да замислиме како би функционирала детска книга за компанијата Дандер Мифлин и нејзините oткачени, цинични, смотани и често безобразни ликови. Но авторите на оваа сликовница веројатно знаат што прават.
Српскиот режисер, сценарист и продуцент почина на 25.09 во Париз, на 74 години. Припаѓаше на легендарната генерација југословенски режисери од Прашката школа, а го режираше и „Буре барут“ по сценарио на Дејан Дуковски. Неговото прво дело е краткометражен филм за една подзаборавена легенда.
Веста за смртта на Данило Коцевски нè затече. Мислевме дека засекогаш ќе го гледаме ликот кој изгледаше како да не старее, со препознатливиот шешир и брадата која со годините само малку побеле. Не беше родум од Скопје, но Скопје му должи, за вниманието со кое ги бележеше и раскажуваше неговите приказни.
Помеѓу сите нешта кои пандемијата ги доведува во прашање се и наставните програми, во случајов по јазик и литература. Дали обврзните книги и содржини треба да бидат огледало на животот на младите, или параван кој го крие она што навистина им се случува?
Велат дека ако прашате некој во Индија дали го гледале „Дилваге дуланиа ле џајенге“ или ДДЛЏ, голема е веројатноста дека ќе ви одговорат со „да“. Филмот е значаен дел од историјата на индиската кинематографија. И е толку популарен што се прикажува секој ден, во последните 24 години, во кино сала во Мумбаи.
„Земја“ можеби и не е најточната одредница. Станува збор за нешто што на американскиот југ го нарекуваат „бела прашина“ - мека глина (каолин) која е примарно наменета за правење порцелан, хартија и боја. Ама ете, можело и се јаде.
Пол Робсон бил афро-американски пејач, актер и активист за граѓански права кој се нашол на црната листа на владата на САД. Неговата животна приказна е тема на нова книга.
Знаете она кога не ви текнува на име на актер, или наслов на книга, или име на песна? Лесно е, внесувате нешто асоцирано со нив во Гугл и обично машината ви го исфрла резултатот. Обично.
Марк Сертиќ од Минесота е најстариот аматерски хокеар на планетата. Што се однесува до професионалците, рекордот и натаму го држи Горди Хоу кој ја завршил профи кариерата на 52 години и Јаромир Јагра, легендарен Чех кој уште игра на 48 години.
„Оној кој не може да поднесе лута пиперка, не е способен ниту да се бори“, изјавил Мао, со тоа воведувајќи ја симболичката врска помеѓу револуцијата и лутата храна.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Книгата се вика „Американско ѓубрe“ (American Dirt) и се однесува на Мексиканка која се обидува да влезе во САД со нејзиниот син. Но авторката е бела, и според дел од оние кои (бурно) реагираат, таа нема право да зборува на оваа тема, од која наводно прави „сензација“ за сопствена полза.
20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.