Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.
Неодамна пишувавме за тоа зошто не е можно да се чита во скопскиот градски превоз, кукајќи над нашата транспортна судбина. Ама некој наместо да кука, се фатил за работа.
„Најдобри“ можеби и не е најобјективна квалификација, но да речеме дека ова се научно-популарните книги кои изминатата година привлекоа најголемо внимание затоа што пишуваа за импликациите на нови откритија и експерименти, но и за до сега ретко истражувани аспекти од историјата на науката.
Од време на време на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од земји и култури каде има чуден обичај луѓето да читаат книги, во метро, трамвај, автобус. Придружниот коментар обично се однесува на нашиот примитивизам и неначитаност. И не дека не. Ама има и други, многу попрактични ограничувања.
Што да се очекува во време во кое луѓето се чувствуваат тензично, изолирано, и во свет кој за многумина е нехуман? Романите кои зборуваат за емотивни, најчесто лични доживувања, и кои даваат надеж во луѓето и животот, се новите книги за самопомош.
Ова, дека книгите стануваат сè подебели, со жалење го констатираат судиите за овогодинешната награда Букер. Затоа што како што книгите добиваат на страници, така читателите губат на трпение.
За разлика од неговите врсници кои за да остават добар впечаток пред девојките, велат дека читаат, најталентираниот италијански стопер вели дека чита за своја душа и дека книгите го формирале како личност.
Издавачите, можеби превентивно, а можеби затоа што некогаш се изгореле, сега дуваат и на јогурт - ангажираат посебни читатели, кои се „сензитивни“ за некоректности од различен вид, и кои алармираат доколку забележат такви моменти во книга која допрва треба да се објави.
Одделението за истражувања на Гугл започна проект наречен Семантички искуства - сајтови на кои преку интересни активности се демонстрира способноста на вештачката интелигенција да разбере како зборуваме (и мислиме).
Книгите ќе се делат бесплатно во електронска верзија, во нови преводи на арапски, урду, фарски и индонезиски, како поддршка на авторот на наводното вртење кон атеизам во некои исламски држави.
„Голем број луѓе ме имаат прашано што да читаат за соодветно да се образуваат. Еве список книги кои имаат извршено големо влијание врз мојот интелектуален развој. Предупредување: ова се најстрашните книги кои ги имам прочитано“
Не знаеме за вас, но нам ни е потребен посебен напор - фаќање белешки, потцртување, навраќања - за да успееме да запамтиме за што е книгата во текот на читањето, а камоли после некое време. Можеби е до годините, а можеби до тоа дека во просек тоа е нормална работа.
Ендевор контент ги откупи правата неодамна објавениот бестселер Оган и гнев, во кој новинарот Мајкл Вулф го раскажува своето сведоштво на првата година од мандатот на Трамп.
Досегашната практика на користење донирани книги, или такви донесени од семејството и пријателите, за затвореници од три њујоршки затвори се укинува. Сега тие ќе мора да си ги купуваат книгите, и тоа од ограничен број издавачи и мал број наслови.
Во сатиричната колумна која комичарот Енди Боровиц ја пишува за Њујоркер, „Боровиц рипорт“, тој ја дефинира главната линија на раздор помеѓу Трамп и неговата можна конкурентка во претседателските избори 2020 - тој мрази книги, таа има читачки клуб. И тоа би требало да е доволно за Американците кога следниот пат ќе гласаат.