Во нов филм на Нетфликс, „Чудото“ (The Wonder), англиска болничарка пристигнува во село во Ирска за да помине две недели со 11-годишно девојче кое тврди дека живее само на „мана од небесата“ и нема јадено четири месеци. Ваквите случаи во 19 биле чести, на восхит на јавноста и загриженост на медицинската фела.
Во 1950-тите најпопуларни методи за „лечење“ на психијатриски заболувања биле фронталната лоботомија и електро-шоковите. Но еден американски психијатар промовирал психотерапевтски пристап дури и кај најтешките случаи на параноидна шизофренија. Станал најпознат по третманот на тројца пациенти од иста болница, сите со различна биографија, но идентично уверување - дека се Исус.
Новиот филм на мексиканскиот режисер со Бредли Купер, Кејт Бланшет и Руни Мара црпи од два извора: крими роман од 1946 и првиот филм снимен според неа од 1947. Вистинските кошмари на авторот на книгата се убедливо преточени во „ноар“ приказна, која во реалниот живот завршила подеднакво мистериозно.
„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.
Филип Хам е најпознат по високи функции во големи телекомуникациски компании. Бил и директор на Амазон за Германија и Франција. Пред четири години го напуштил бизнис секторот за да се посвети на уметноста. Сега влегува во филмските води и снима своја верзија на „Фауст“.