На последното пребројување во јуни Амазон имаше 97.000 вработени. Број 1 во компанијата е Џеф Безос, кој верува дека секој нов менаџер со своето унапредување мора да ја помрдне границата на перформансите во компанијата.
Првиот човек на Амазон и Вашингтон Пост е еден од најуникатните претприемачи на денешницата. Книга за него во која само тој не е интервјуиран, открива интересни детали за неговиот стил на менаџирање.