Писма на наврнати читатели

Ова се случи вечерта на 1 мај, на семафорите кај телеком во Ново Лисиче. Можам и јас да ги објавам на Facebook сликите ама кај тебе ќе можат повеќе луѓе да видат што прават идоти што ја докажуваат својата машкост, под услов да ја имаат, со пукање во воздух.

Во полиција не пријавив зашто за среќа немаше повредени, а удри точно пред девојка ми која беше на совозачко седиште. Имало и далеку потрагични случаи од овој и ништо не се направи за да се најдат сторителите. Тие идиоти што „прославуваат„ вака, треба да знаат дека тој куршум се враќа некогаш на земја, за среќа моја настрада само колата и можеби 2-3 пара гаќи:)

 

8 мај 2013 - 09:41