Принцип на седум генерации

Принципот на седум генерации како филозофија која потекнува од Големиот закон на Ирокезите бара од сегашната генерација на луѓе при секоја постапка и одлука што ќе ја донесе да размисли дали таа ќе биде од корист за нивните деца седум генерации од денес.

Се работи за филозофија чија старост не може точно да се утврди па се смета дека потекнува од периодот меѓу 1142 година до 1500 година. Нејзиниот главен фокус се природните богатства кои се наоѓаат на територијата под контрола на 5-те нации, од шумски и водни богатства до животни и плодови, и начинот на кој тие се искористуваат од нивниот народ.

Целта на Седумте генерации е „да ја засилува врската на заедништво, промовира стабилност и обезбедува конкретни вредности во однос на кои секој човек може да ја тестира неговата или нејзината секојдневна постапка.“

По зборовите на Орен Лионс, поглавицата на Онондога нацијата во 1930-те, целта на Седумте генерации е да не мислиш на себе туку на тие околу и по тебе:

„Миротворецот (човекот кој во 1142 ја формира Конфедерацијата на 5-те нации) нè учеше за Седумте генерации. Тој рече, кога ќе седиш во советот мора да мислиш не за себе и за своето семејство, ниту за твојата генерација. Тој рече, носи ги одлуките во корист на седумте генерации кои доаѓаат, за тие да можат да уживаат во она што ти го имаш денес.“

Една од варијациите на оваа филозофија е дека ти си во центарот, една од овие 7 генерации, а останатите се трите пред и трите после тебе. Тука на едниот крај е најстариот роднина кој те допрел или те знаел кога си бил новороденче, на пример прабаба - прадедо, а на другиот крај е последното новороденче што ти ќе го знаеш или допреш во својот живот, односно кога ти ќе станеш прабаба / прадедо, и на кое ти ќе му бидеш најстарата врска во животот.

Освен оваа ставка Големиот закон на Ирокезите го формира политичкото, церемонијално и општествено ткиво на Конфедерацијата на 5-те нации (подоцна 6 нации). Во контекст на периодот од кој потекнува, 7-те генерации се период од 140 години.

Се верува дека Големиот закон на Ирокезите бил големо влијание врз американскиот Устав заради почитта што Бенџамин Френклин ја имал кон системот на владеење во Конфедерацијата на 5-те нации.

1 декември 2021 - 17:40