Тајниот поглед од покривите на Париз

Штом ќе се стемни, Алан Корну облекува чизми, ја става опремата на рамо и се упатува кон најблиските скали што ќе му ја донесат следната фотографија од кров во Париз.

Ако сте пробале да направите фотографија со полупристоен апарат - навечер, досега ви е веќе јасно колку е тешко да се постигне тоа што се сака да се постигне.

Ама ако си Алан Корну, не можеме да знаеме дали ти е лесно или тешко, ама дефинитивно сме уверени дека на крај ти излегува како што треба.

Не се знае ни како точно ги изведува фотографиите - дали комбинира талент за паркур и фотографија, дали некој го држи, дали има животно осигурување…

Обично, кога има вака многу слики една по друга, имам и коментар, ама на овие веќе сè си е кажано. Останува да се воодушевуваме и да се надеваме дека тоа што е прикажано на фотографиите еден ден ќе го видиме, не преку нечија леќа, туку со свои очи.

Ако не ви се доста овие, типов можете да го следите на Инстаграм, за дневна доза Париз после самрак. А ако баш сте вљубени, има и книга, што доаѓа во пакет инспириран од покрив. Се купува и со и без опаковката.

Да поуживаме:

Само можеби овде: не ве потсети на Aristocats?

извор

28 ноември 2017 - 10:00