Новата поделба на светот е за и против Крис Прат

Инстаграм-објава од Крис Прат за жена му добива измешани реакции на интернет. Погодете кои преовладуваат. Со тоа што, овој пат, не е дека не се баш во право.

За волја на вистината, е прилично сељачка. Прат се ожени за Кетрин Шварценегер во 2019 и година дена подоцна добија и ќерка, Лајла Марија.

И вака вели под сликата:

„Дечки. Сериозно. Видете како ме гледа! Мислам. Најдете си некој што ќе ве гледа вака!! Ме разбирате?!

Се запознавме во црква. Ми даде неверојатен живот, прекрасна, здрава ќерка, џвака толку гласно што понекогаш ставам тампони за уши, но тоа е љубов!

Ми помага со сѐ. За возврат, повремено ќе отворам некоја тегла. Тоа е договорот. Нејзиното срце е чисто и ми припаѓа мене. Моето најголемо богатство, заедно со картичката од Кен Грифи Џуниор. Што многу кажува.

Роденден ѝ е за околу 6 недели. Па, ако не ѝ купам ништо, ќе ѝ кажам да го види постов. Те сакам, мила.“

Ова трапаво, божем зезање што сака да биде како она махерско дупчење што го имаат Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли, проаѓа супер кај семејството на Кетрин.

Но не и кај јавноста.

Еден твит вика,

Културата на „жена ми поместува планини за мене, ја жртвува сопствената среќа за мојата и не сум ѝ ни до колена, а јас сум… маж што не прави ништо за возврат, хехе. Мажи, најдете си жена што ви служи додека само си седите!“ е многу токсична и треба да умре.

Некој одат и дотаму да истакнат дека е сосема неумесно да каже „Ми даде неверојатен живот, прекрасна, здрава ќерка“, бидејќи со претходната жена, Ана Фарис има син кој е роден предвреме и компликациите довеле до мали проблеми со видот и мускулите на нозете.

Во моментов, постот сè уште стои, а интернетот се мобилизира во поддршка на Ана Фарис и синчето Џек.

5 ноември 2021 - 13:06