Кај Брајс Далас Хауард дома

Актерката со еден куп Џурасик паркови во сиви, најстарата ќерка на Рон Хауард и лик што веројатно барем еднаш сте го помешале со Џесика Честејн, ги прима Architectural Digest дома.

Станот е „органски гламурозен простор“, со омаж за класичниот Холивуд, плус „калифорниска“ енергија.

За да си ја реализира визијата, Хауард ја ангажира Клер Томас - мастермајндот за домот со четири спални и два спрата.

„Веднаш знаевме дека главната палета ќе биде розева или зелена,“ вели Томас за станот, „и секогаш се шегувам дека користам бои во кои црвенокоси ќе изгледаат добро.“

Внатре е - двојно. Двојно, во однос на тоа дека има врхунски и преглупи ќошеви. Да не веруваш дека така досаден и така занимлив простор се дел од истиот дом. Имаш берија-зелена боја и тапет со штркови, па имаш најхотелска спална што можеш да замислиш. Ама не Плаза Атене, туку аеродромски хотел, каде што чистачките ја заборавиле пепељарата од претходниот гостин што преспивал за да го дочека презакажаниот лет.

Неонскиот ѕиден саат и бојата на ѕидот каде што се наоѓа се одлични. Некоја минута подоцна - бледожолт ѕид. И такви завеси.

Среќа кадата ги вади:

17 август 2022 - 00:01