Кај Ана Суи дома

Кога последен пат, уствари не - дали воопшто сте влегле во ваков стан? Ако да, зошто не сте кажале?

Во свет на луѓе што сакаат беж ѕидови и гарнитури, секогаш е освежување да се запознаат луѓе како Ана Суи, макар и вака, преку Вог.

„Секогаш има една иронична енергија,“ вели дизајнерката за нејзиниот стил на ентериер, кој вклучува црвена соба и бања со огледала.

Станот ѝ е како од друга димензија, а всушност - во Гринич Вилиџ, полн со митолошки суштества, тајни ходници и стари изданија на Вог.

Инаку, Ана Суи е наградуван дизајнер и еднаш е именувана како една од „петте модни икони на деценијата“. Една од наградите од Американскиот совет на модни дизајнери ѝ е за животно дело, што ја става во рангот на Ив Сан Лоран, Џорџо Армани, Ралф Лорен и Дајен фон Фурстенберг. Има неколку модни линии, чевли, козметика, парфеми, очила, накит, додатоци, ствари за по дома и линија подароци.

Еве како живее:

22 јуни 2022 - 14:04