„Ејнџел“ како уметност

Тиери Муглер засекогаш го промени светот на парфемите.

Светот уште се опоравува од неочекуваната смрт на мајсторот на безобразно-фасцинантната мода, кој меѓу другото, остави длабок печат на индустријата со парфеми.

Во ’90-те, луѓето или не мирисаа на ништо, или на Ејнџел. Ако мирисавте на ништо, тогаш мирисавте на CK One. Но, ако ви било досадно и не сте верувале во гранџ, тогаш гордо сте мирисале на Ејнџел и тоа во радиус од 10 километри.

Ејнџел беше со претерување - скоро 27 мирисни ноти, од кои повеќето можеа да се најдат на детски роденден. Муглер има кажано,

„Сакам нешто што лачи плунка и потсетува на детството. Шеќерна волна, мали колачи, чоколади и карамели.“

Парфимерите Оливија Кресп и Ив де Ширин го послушале и ја ставиле секоја шеќерна состојка што им паднала на памет:

  • шеќерна волна,
  • кокос,
  • диња,
  • јасмин,
  • бергамот,
  • ананас,
  • мандарина,
  • мед,
  • црвени плодови,
  • капини,
  • сливи,
  • кајсии,
  • праска,
  • јасмин,
  • орхидеја,
  • каравеј,
  • морско оревче,
  • роза,
  • момина солза,
  • пачули,
  • чоколадо,
  • карамел,
  • ванила,
  • диптерикс одората,
  • амбер (не килибар),
  • мошус и
  • сандалово дрво.

„Толку е декадентен што или го обожаваш или не можеш да го поднесеш, но секако го паметиш,“ вели Сејбл Јонг, пишувач за парфеми и ко-водител на Smell Ya Later. Од техничка перспектива, поранешниот критичар за парфеми на Њујорк Тајмс, Чендлер Бур го прогласи за прв парфем што успеал да синтетизира шеќерна волна во лабораторија. Вера Струби, претседател на Парфеми Тиери Муглер рече,

„Ејнџер изненадува и создава интрига кај луѓето во исто време. Толку е поинаков, што некои го сметаат за шокантен, но други пак стануваат зависни од него.“

За тие што се бават со парфеми, Ејнџел беше чудо затоа што пркосеше на трендовите во неговото време, она „мирисање на чисто“ што го буткаше Келвин Клајн. Толку го сакаа, што влезе во Fragrance Foundation Hall of Fame (Оскари за парфеми), меѓу „гурманските мириси“, што мирисаат на нешто што се јаде. Без него немаше да се шлапаме со мириси на ванила, чоколадо или овошје што се продаваа по маркети, пазари и Орифлејм; немаше ни да постои Фенти парфемот на Ријана. Ниту пак Ријана ќе можеше да биде опишана како „жена што мириса божествено“.

Како и многу други големи парфеми, Ејнџел поларизира. Толку е силен, што едни го сакаат, други го мразат.

„Големи поделби прави,“ имаше пишано Бур. „Но, величествената уметност е често таква.“

3 февруари 2022 - 00:05