Да, супер е секс, ама сте пробале ли емотивна зрелост?

Пандемијата успеа и тоа да смени - како луѓето што се сингл се снаоѓаат сега во љубовниот живот, каде што влегува бирањето партнери, размислувањето за сексот и други ситници.

Според истражување на Match, со над 5000 испитаници во Америка, сингл-луѓето не се брзаат да остварат лични контакти. Наместо тоа, фокусирани се на намерно „дејтање“ наместо кежуал средби.

Хелен Фишер, постар член и истражувач на институтот Кинси при универзитетот во Индијана и главен научен советник на Match, вели дека сме во „историски период за ресетирање на начинот на кој остваруваме лични средби“.

„Самците навистина сакаат емотивна зрелост,“ вели таа. „Тоа е една од главните работи што ги бараат сега, многу повеќе од наоѓање на атрактивен, богат или сексуално привлечен човек.“

Обврзувањето не е единствената работа што им паѓа на памет на луѓето денес: бараат финансиска стабилност, односно „партнер со приходи најмалку еднакви со нивните“, и „успешна кариера и слично ниво на образование со нивното“.

Еден краток период за време на пандемијата се барале и „авантури, забави, а можеби и сексуална активност“, но за кратко време, овие статистики паѓаат во сенка на желбата за посветени врски.

„Самците созреваат,“ вели Фишер. „Бараат многу цврсто, стабилно партнерство, вклучувајќи и долгорочна, навистина цврста, многу традиционална посветеност на брак.“

Истражувањето покажува и дека 81% од мажите сметаат дека сексот е „помалку важен во врската сега“, наспроти мислењето што го имале пред пандемијата. Со ова се согласуваат 87% жени. Се разбира, ова не значи дека немало никаков интерес за секс, поточно самците не тврдат дека „сексот не е важен во една врска“, туку дека со оглед на сѐ, ја нема истата тежина.

Во однос на тоа што може да се очекува во годините што следат, учесниците во истражувањето тврдат дека технологијата ќе игра голема улога - половина од зумерите и миленијалците годинава имале видео-дејт и 71% од нив велат дека тоа им помогнало да одлучат дали ќе се видат во живо. Затоа и постои една увереност дека нè чека таков стадиум во додворувачкиот процес. Луѓето ја користат технологијата поразумно и постручно од порано.

За крај, Фишер предвидува дека во годините што следат, фокусот на посветените врски може да им донесе релативна семејна стабилност за на самците:

„Мислам дека искусија пост-трауматски развој. Созреваат. Оставаат да помине време. Повнимателни се. Систематски се настроени. Конечно дознаа што сакаат.“

18 ноември 2021 - 23:01