Мојра - Арома(н)тична

Малку, малку малку малку
Давај ми по малку
Од твојата кујна
Малку, малку малку малку
Многу, ама малку, зарем сум ти чудна?

Чадено, недочадено
Сакам да те намирисам
Печено, недопечено
По тебе пак да кинисам

Пржено неиздржано
Од долу па до висина
Свечено, необлечено
Сакам да те...

Малку, малку малку малку
Земај ми по малку
Додека сум будна
Малку, малку малку малку
Многу, ама малку, зарем сум ти судба?

Везено недовезено
Сакам да те одложувам
Ткаено недоткаено
Со тебе се задолжувам

Вретено, недоветено
Сакам да те разложувам
Скратено, невозвратено
Сакам да те...

Малку, малку малку малку
Одмори ми малку,
До следната рунда

**********

Композиција: Дарко Јованов и Јасна Трпкова
Текст: Јасна Трпкова
Аранжман: Дарко Јованов и Ивица Јанкуловски

15 март 2024 - 14:16