Пржена пица

Панцероти

Полнењето можете да го прилагодите на вашиот вкус: пршута, сланина, кечап, моцарела, секакви зачини...

Време на подготовка:
60 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 1 јајце
  • 300 гр. кашкавал
  • 200 гр. шунка
  • 1 кисела павлака
  • 1 ќесичка квасец
  • 2 дл. млеко
  • 1 дл. масло
  • масло за пржење
  • сол, шеќер и зачини по желба

Подготовка

Загрејте го млекото. Измешајте во млекото едно јајце, една лажица сол и 1 дл. масло. Сувиот квасец измешајте го со една лажичка шеќер и оставете го да отстои 10 минути. Потоа додадете го во млекото. На крај додадете го и брашното и замесете тесто.
Оставете го тестото да отстои еден час.
Во меѓувреме исецкајте ги шунката и кашкавалот. Потоа измешајте ги со павлака и зачини по желба.


Исукајте го тестото и исечете го на кругови.

Круговите полнете ги со подготвената смеса и преклопете ги.

На панцеротите завиткајте им ги краевите и притиснете ги со вилушка за да не се отворат при пржењето.
Панцеротите пржете ги во тенџере со загреано масло. Потоа вадете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот на масло.
Послужете ги топли.
Пријатен апетит.

7 јули 2012 - 07:00