Булшит детектор

Порнхаб е побезбеден од сајтот на УЈП

Акаш по сајтот кај што ти се парите и давачките, кај што треба најприватно да дознаеш дали ќе те биде или е време да си купиш јаже. Oдеднаш браусерот те алармира дека се наоѓаш на несигурен сајт, што значи дека е сосема можно некој да ги краде податоците што ги внесуваш. Па да ти поклони јаже. 

Пендаровски, со какви идеи си ти?

За среќа, ни за него ни за многумина други веќе не мора да си ја траќаме главата околу оваа дилема од народната песна. Бидејќи бурата низ која минуваме, некому ќе му фрли прашина во очи ама затоа некому ќе му ја оддува маската.

Кога ПР-от ти пука во нога

На крај памет не ни паѓа да влегуваме во оние „принципиелни“ кавги за тоа кој колку ќе добие од медиумскиот колач за референдумот. Еве, ние тоа бесплатно...

Политиката како свирање Курцу

Луѓе без морал (или барем срам) се како бротчиња без сидро. Без можност да одберат свое место и своја заветнина, бескрајно ќе се ашкаат кај што ги носат струите и ќе ги талкаат брановите кајшто ќе стигнат, додека не се залупаат во некоја карпа. Кога таквите се и политичари е потрагично, бидејќи политичарите по дефиниција бараат од тебе да тргнеш по нив и да ја следиш нивната траекторија, убедувајќи те дека неа ја одбрале капетански умно и одговорно. А таа траекторија ја одредуваат струите и брановите. И ништо друго. 

За оние кои не одат подалеку од насловот

Налетал на последниот поздрав до Оливер Драгојевиќ, нашата кратка и искрена еулогија за гласот кој нема да можеме да го изнаслушаме до крајот на животот, статија која завршува со хармонски божествената изведба на песната „Два пут сан умра“ во париска Олимпија. Ама дечкото останал на насловот, го мрзело да види за што се работи, па прогласил, ни помалку ни повеќе - смрт на новинарството! Ете, таков ќе преговарал во име на Македонија.

Ау, Миле!

Од владата доаѓат не само јасни визии за иднината на оваа земја туку и конкретни увиди во тоа што ќе се случува со нашите синови и внуци откако ќе умреме. Свака час.

Реплика на денот

Патлиџан или кечап. Победа или пораз. Датум или уште еден баферинг. Еден услов или четири услови. И ако има други услови (нормално дека има, видете кое срање од држава е ова), што не се прибраа дома да ги средат тие пред да фатат да преименуваат држава и народ? Прецедник Никсон версус шефот на дипломатијата на Поранешна Република Северна Македонија.

Што со циглата?

На времето имаше маалски битанги кои по ќошиња начекуваа жртви и им продаваа цигла. Ќе те начекаат, ќе те опколат и ти нудат да ја купиш. Ти за да не јадеш ќотек, им даваш пари - а они тебе ти даваат цигла.

Министер, амбасадор, планктон

Ѓорѓи Спасов со галантно разбирање за сите грчки барања.

36.000 аплаузи за советникот!

Џезаир Шакири (командант Хоџа), горд на оние кои во Диво Насеље убија 8 македонски полицајци. Гордоста ја поткрепува со пресметка колкав процент од македонските специјални сили тогаш биле елиминирани.

Не им бил јасен нашиот наслов, па да им го објасниме

Пред некој ден во делот „набрзинка“ објавуваме слика од двајца луѓе. Едниот наш, другиот странец. Ставаме наслов „Не е чудно што се нашле“. Сега на првиот не му е јасно што сме сакале да кажеме. Ајде златни рипки, да ви го освежиме сеќавањето.

Скопјето наше непоправливо

Од што повеќе да се чудиш? Од тоа што во Скопје возило на Брза помош треба да исчека официјална свита со питај бога која државничка баналност во неа, или од оној ајван кој се шлепаше до Брзата иако цајкан му се испречи пред кола ко кинески студент пред тенк. Ќе го гледате видеото неколку пати. Џабе.

Добро бе, мамата, пластика ли серете?

Ама стварно е неверојатно колку пластика оди по тоа Вардарот. Не-ве-ро-јат-но. Човек да помисли дека Вардар не тече затоа што му се тече, туку затоа што му се бега од нас. Просто е неможно цел овој куп да се прави човек по човек, или па да чекаме дрон и за ова?