Балканштина

„Прва“ и “друга“ Србија

Србија со децении и се чини сè подлабоко се закопува во фамозните ровови на Првата Србија (небањатите, оние на Вучиќ) и Втора Србија (напредните, про-ЕУ), иако, после еден разочарувачки пораз на опозицијата, Теофил Панчиќ резигнирано напиша: „Да си признаеме, не постои втора Србија“.

Етида за празниците

Порано се знаеше. Имаше два празника, 8-ми март, 29 ноември и готово. За 8 март ќе купиш мирис, онаков, на куглица, а за 29-ти ќе се ушикаш на свиоњокољ, ќе испиеш литар крв и ќе се сториш Носферату, никој не смее да ти пријде да те праша нешто. Денес е друго...

Да се најде дечково и да му се прати тегла ајвар

Азијат од Австралија нагазува на старото (чуј старо- античко!) минско поле, дали Александар Македонски бил Грк. Заклучува дека не баш, со оглед на проблемите со Олимписките игри, на кои можеле да учествуваат само Хелени, а не и варвари. Очекувано, му се з'гнуваат Грци, некои од нив убедени дека е платен така да зборува. Глупи едни, ние парите за Митилинеос ги чуваме.

Постои и задоволен Босанец

На прашањето како е задоволен од животот, човекот како од пушка одговара: Презадоволен! А потоа додава дека во моментов, нема подобра држава од Босна, и за живот и за работа и за ќеифи. Постои само еден гео-детал кој треба да се знае за приказната да биде комплетна.

Кој пак го викне Суреал во Македонија, да му умре мајка

Пазете како говедото неписмено раскажува како си поминал на фестивал во Виница (дебилот погрешно ја кажува). Таму да ти било глупо како во нивен Пирот (јер он е растен на Еби роуд) па немале да му платат па му понудиле некоја (а саатот не бил Ролекс, види богати), па после оделе кај родителите па им се собрале пари. Не ги знаеме „менаџерите“ од „Винице“ кои говново ги руга, ама НИЕ на клоци би ги дигале.

Македонија или Србија, што е бетер?

Можно е Србија на Еуросонг да ја прати песната „Гнездо орлово“ на извесна Бресквица (млада, убава девојка), која за кратко време имаше милионски прегледи на јутјуб а попат некој и спот направил, со бомбардирања, војници на УЧК, дури и Пентагон го имаат покажано. Таман да помислиш дека Србиве си го бараат со боринче (макар што спотот не е официјален), ќе видиш што кај нас  - официјално! - оди на МТВ. Ама па радиодифузна такса не плаќате.