#50

Од
Борец за правата на лукот
Прашање

Од каде доаќа изреката ни лук јал, ни лук мирисал и што толку на авторот му има лукот згрешено ?

Одговор

Ама пушти тоа, вампирска работа. Ни лук оил, ни лук араунд.

12 декември 2013 - 06:00

#49

Од
Goce
Прашање

Герасиме, како е на енглески "Држ го Маро гајтанот"?

Одговор

Мери, држ даљинското. Пошто они уше одамна не се расправаат со гајтани, као ни со ќеш, све на картица плаќаат.

11 декември 2013 - 18:00

#48

Од
Блаже
Прашање

Кој збор од кој потекнува : црв=>црвен или црвен=>црв ? Дали сенките имаат место под сонцето? Дали бананата е крива за сé?

Одговор

Аман бе па од вас удбаши дерман да се немало, секаде ве има и стално поставуете по сто прашања наеднаш, као онака, случајно.

11 декември 2013 - 15:00

#47

Од
Кузман Цепидлаковски
Прашање

Зошто ти е копчето "прати" на формава 3 пиксела подолу од што треба (на Google Chrome)?

Одговор

За против уроци беше, ама ти сеа го издаде и не се важи више. Башка, 4 пиксела беше.

11 декември 2013 - 12:00

#46

Од
Борче брачедон
Прашање

Дали тоа што добивам многу силна ерекција на полна месечина ме прави дрколак?

Одговор

Јок, те праи еретик.

11 декември 2013 - 09:00

#45

Од
аце
Прашање

Герасиме како е правилно: Ирак или Иран, Виена или Беч?

Одговор

Зависи дали е дење или ноќе. 

11 декември 2013 - 06:00

#43

Од
Ацо мариоецо
Прашање

Пошто во Келн јадат хамбургери, ме занима дали и во Хамбург јадат келнери?

Одговор

И во Кучевиште јадат кинеска храна. Не ќе е на арно тоа.

10 декември 2013 - 18:00

#44

Од
Џоле
Прашање

Кажи ми ти мене Герасиме дали ќе се оженам, за пари, посебно види ми за документи дали имам некои?

Одговор

Мислам дека ипак за женско некое ќе се ожениш уместо за пари. А тачно, орѓиналот од крштеницата ти го загинаа баба ти и мајка ти, онојпут коа покушаваа уместо у први разред основна, директ у Корчаѓин да те упишат. Ама не се секирај, сеа со ова едношалтерски систем, за највише пешес месеца ќе си имаш гланц нов.

10 декември 2013 - 15:00

#42

Од
Куварот
Прашање

Герасиме ако здравата храна те прави здрав,дали брзата храна те прави побрз ?

Одговор

Ако у рибља чорба има риби, значи ли дека у скопско пиво мора да има скопјани?

10 декември 2013 - 12:00

#41

Од
Ефтимие
Прашање

Чичо Герасимије, ко ќе ја прашам мајка ми шо имат за вечера ми велит Ку знајт татко ти шо ќе донесит. Е сеа јас не знам кој е тој Ку, и од кај се знајт тој со татко ми Спиридон. Дан си ти тој Ку?

Одговор

Како бе не знаеш кој е Ку, тој дедото шо му ги смишља сите потердии на оној чпијунот енглески, Бонд, Џемсбонд. Него мене тој татко ти ми е нешто сумљив, да не се случуе као божемски дека ќе иде да купи нешо у гранап, и онда да го нема дома некое време и туку оооп, да ви стигне поштанска картичка однегде, демек: - Немаше овчо ќисело млеко кај Вељота у гранап, па еве доов набрзинка до Пакистан, тука стално им било тазе.

Спиридон рече, м? Сеа ќе провериме мие тоа.

10 декември 2013 - 09:00

#40

Од
cimerka
Прашање

Како тоа цимерката моја студира медицина, учи само 2 дена пред испит и пак има 9-ки и 10-ки? На остатокот нормален свет им треба по недела дена за на шумарски...

Одговор

Ееее, лесно им е таму, си заебаваат баби со реома, и им препишујат андол и витаминце. Да ја видам дал ќе положи у два дена, да треба да земе секирата и да оперише некоја бука триесметарска у Цер. Него, вака ко шо кажуеш, девојчето си е изгледа надарено, така да ми личи дека ако ви дое на шумарски, и тамо има пуздер да ги напраи сите, осим можда чичо Коле домаќинот, пошо он глеа само да му е при рука мастиката, не го занима многу тоа полагања и остали салтанати.

10 декември 2013 - 06:00

#39

Од
Сале
Прашање

Дали треба да бидам кретен за да бидам конкретен, или прво треба да бидам конкретен за да станам кретен?

Одговор

Не бе, супер си си вака.

9 декември 2013 - 18:00

#38

Од
Томи Г.
Прашање

Ко бев мал таткоми викаше биче боље, ја натепав пеесе и кусур и ништо. Коа че биде боље?

Одговор

А не ти паднало ниеднаш на памет дека откоа вторпут понављаше у шесто, никад више дома околу нова година не ви има дојдено Заре портирот откај татка ти од предузеќе, препраен у Дедо Мраз, да ти дае пакетче? 

9 декември 2013 - 15:00

#37

Од
Fin Decko
Прашање

Драги Геро дали знаеш кој е Асан од познатата поговорка "мижи Асан да ти баам" фала однапред

Одговор

Онде на Матка, у некоја од тоа пештерите, едно време да ми ти седел некој змај. И тој тогавашниот краљ ептен се нервирал због тоа шо овој акрепов му ги плашел људите, па земал и објавил тендер, кој ќе го утепа змајот, дека ќе му ја дае ќерка му за жена.  И сеа, рука на срце, девојчето било добро по душа ама не било многу за пред чоек, така да немало нешо многу интересенти, уствари едвај само едни тројца и се јавиле, колку да може да се оправда тендерот дека е по пропис. Првиот не знаел да плива и се сјебал некаде по тоа водурината шо е додека се стигне до пештерата. Вториот, пошто некој јабанџија бил, на граница го задржале због утаја на данок и секундарно одма го стаиле у ладоина, така да не се ни појавил уопште. Третиот, пошо бил онаков маскиран припадник на локалното удружење за заштита на свакакви животињи, уште од одма ептен се бендисале со змајот, така да останал и он да живи горе у тоа вукојебината. И од тогаш натаму, не само што живеле у незаконска заједница со змајот, него свакодневно толку многу му се бечеле заедно на овој краљов по сите могучи портали и останали медиуми, да човекот земал на крај и се мрднал од мука, а некои извори викаат и дека се пропил, пошо тоа време дрога уше не е била измислена. А тој Асан, не ти го знам кој е.

9 декември 2013 - 12:00

#36

Од
џинџер
Прашање

Герасиме, Зошто стално кога се фарбам со плава фарба , ми излегуе портокалова косава, е тоа не ми е јасно.

Одговор

Пред да се вапцуеш, извади тоа књижицата од џеп и тури ја негде на скришно, пошто иначе све вака ќе ти искача старата боја одоздола. Сум се наглеал колку сакаш такви као тебе недовапцани а богами и обратни сум вишол исто бааѓи, ако не па и поише.

9 декември 2013 - 09:00

#35

Од
Макс
Прашање

Зошто фрижидерот кога ќе го отвориме има светло, a викаат дека не треба да се јаде навечер ?

Одговор

Па ти светло ли јадеш, ебате?

9 декември 2013 - 06:00

#34

Од
unknown
Прашање

Брате да те прашам како ке се каже женско од Штрк и од Делфин

Одговор

Не знам дали ќе ме веруеш, али Штрк не сум го вишол откоа држеше кафана онде кај итаљанска амбасада, брат брату едно петнаес години, така да неам појма шо се дешава со чоекот, ваљда е добар и еве го поздрављам од тука, кај си бе Штрк, куќо стара, ееее, дас'ибеш векот.

А Делфина у приватен живот ти е онаа бе, речи ја, Неда Арнериќ.

8 декември 2013 - 18:00

#33

Од
Спиридонче
Прашање

Зашто сањам у боја а гледам црно бело?

Одговор

Не знам шо ти е планот, да почнеш да сањаш црно бело или да дознаеш зашо не глеаш у боја ?

Ако е второто у питање, онда најверојатно ти е отиден оној еден отпорник,  BS EN60062, шо има толеранција од  ±5% и отпор помеѓу  4,465 и 4,935 ома. Пет банки не кошта и секој шо имал макар тројка по ОТО у основно, може да ти го прелеми тоа, два минута работа нема.

8 декември 2013 - 15:00

#32

Од
Блесав
Прашање

Оти класната стално ми велеше „да му речиш на мајкати да дојди“?

Одговор

Ако мајка ти се вика Зоран, Стево, Благоја или така некако...овај...необично за мајка, онда учителката арно си знае зашто така ти викала, немај гајле.

8 декември 2013 - 12:00

#31

Од
Genius
Прашање

Ќе завршам ли факултет?!

Одговор

Видиш, тука еве ти стои дека ќе чуеш некој глас од средње висока црномањаста особа, женска, а мош' ќе да е и дека е мушка, тоа некако све мање се разликуе у задње време. Е сеа, шо ќе ти исприча таа особа, углавном је нешто за некои папири, јали се сведочанства, дипломи, јали се некакви покани, за свадба, за у затвор, тоа не ти стои тука, некако како замрљано е. И молим те, ако баш мораш да стискаш сос прс у шоља, кажи ми пред да праиш тоа, да се обрнам на друга страна, пошто гадљив сум.

8 декември 2013 - 09:00

#30

Од
нeмам
Прашање

Зашо после првата цигара од сабајле ми се оди во wc...некакво објаснување?

Одговор

Рецимо да имаше самапослуга дома, мож' па ке ти се одеше у самапослуга, откај знаеш ? Вака, пошто немаш, работава испаѓа дај шта даш.

8 декември 2013 - 06:00

#29

Од
Правото
Прашање

Герасиме, учителката вика дека вика не се вика вика, туку се вика вели. Како е правилно ?

Одговор

А ти онда питај ја дали ѝ звучи правилно да се каже: - Газдарицата ноќеска велеше на цел глас, коа се вратив од град напраен ѕембиљ и ѝ се помочав у фикусот у ходник.

7 декември 2013 - 18:00

#28

Од
шпионче
Прашање

Зошто цело попладне имам гасови, а немам ручано ГРАВ ???

Одговор

А замисли да имаше ручано некое диносауреќе ребро, сеа брат брату ќе имаше најмање едно пешеесе ќила нафта.

7 декември 2013 - 15:00

#27

Од
Урош
Прашање

Чичко Геро, да не знаеш случајно чија мајка црна волна преде? - (За ролка ми е!)

Одговор

Прво, тата ти је чичко. 

Друго, ролки црни продаа оној шо уједно продаа и три чорапа за сто, на кутијата онде одма испред Зегин, ама ич не ми текнуе дали некад ми кажал како се вика, а за мајка му сигурно ми нема кажано никад. Треќо, абе тоа црни ролки се носеа у време коа искачаше у романче оној Алан Форд , не е ваљда дека пак ве заебаа да ги носите, знаеш ама с'клет фаќа од тоа на шијата, поготово ако си тазе обричен. И која црна вуна, то све је синтетика, чиста.

7 декември 2013 - 12:00

#26

Од
Лова Лов
Прашање

Што значи : "Kаде сите , таму и гол Асан?"

Одговор

Реклама за новото Веро на Рамстор у Ајродром.

7 декември 2013 - 09:00