#25

Од
терсене
Прашање

Зошто продавниците кои работат 24/7 часа имаат брави и клучеви?

Одговор

Отприлика од исти разлог због кој камиказите пред да полетаат стаале кацига на глава. Чисто ради заебанција.

7 декември 2013 - 06:00

#24

Од
Гоци од работа
Прашање

Шо значи „јал не јал три и пол“?

Одговор

Тоа ти е скоро исто како она на Шекспира, само ова го кажуеш коа сакаш да умлатиш некого, па ај пред тоа као малку паметен да испаднеш а тоа другото се кажуе у врло одреѓени ситуации,  коа е више онака, шо би се рекло, враг је однео шалу.

6 декември 2013 - 18:31

#23

Од
KRT
Прашање

Како да го пронајдам дедо Боже како они што го наоѓаа од народни приказни? Неколку пати одам на Водно, Китка и Караџица ама него го нема.

Одговор

Види бато, не знам ја баш што ќе ти на тебе таа работа, млад си ми ти уште некако за таков вид сусрети. Али ако више си запнал, набери од тие едни гљиви, пупавки шо ги викаат мештаните, па напрај еден ручек, Господ да те види.

6 декември 2013 - 15:01

#22

Од
Влакнеста
Прашање

Зошто некои луѓе НЕмаат влакна на јазикот? И дали тоа значи дека им е како пиштол гол?

Одговор

Зато што јазик не е мишка па да имаш влакна по него. А тоа Гол пиштољ играше едно време у ќино напредак, ама ако ми текнуе волкуцка за шо тоа стануеше муабет у него, еве на.

6 декември 2013 - 12:00

#21

Од
Амонимус
Прашање

Каде да ја барам својата иднина?

Одговор

Све као да ми се чини дека ти ја засадива ондека стаклара кај шо беше ако ти текнуе, е па позади у тоа брдото. А може па и лошо да сум вишол.

6 декември 2013 - 09:00

#20

Од
koljo
Прашање

Герасиме, жена или швалерка, прашање е сега???

Одговор

Ја ако се питам, ни едната ни другата не знаат пинџур да напраат баба како шо го праеше.

6 декември 2013 - 06:00

#19

Од
Прашалник
Прашање

Драги господине Герасиме, дали рибата може да се испоти..? и доколку се поти дали после водата и мириса на пот...со оглед на тоа дека не може да излуфтира...?

Одговор

А ти шо мислиш, зашо се вика поток а не некако другачие?

5 декември 2013 - 18:01

#19

Од
Spring
Прашање

Господине Герасиме, пријателче Геро, зошто се вели - признај, половина ќе ми ти се прости ?

Одговор

Тој муабет потекнуе од едно друго време. Ти, на пример, имаш онакво за прање аута. Доаѓа со службеното ауто шоферот на фиљан тој и тој и прашуе: - Колку е бе, перење ауто? Ти му викаш, пример - стопеес денара. Он на тоа ти вика да му напишеш признаница на шесто денара а он да ти плати триста, тоес дупло него шо си му побарал. Ти праиш така и си ќарил дупло, он стаил дупло поише од тебе у џеп, ама и ти опростил шо си испаднал џубре према газадата негов и ти платил пола него шо пише на признаницата. И после, така си праите секој ден, пошто не може да му е прљаво службеното ауто на фиљан тој и тој. Сфаќаш сеа? Е, ама после ги уведоа ова фискалниве и си иба мајката све.

5 декември 2013 - 15:00

#18

Од
Херојот
Прашање

Зошто ѓеврекот е крив??

Одговор

Не е Ѓеврекот крив за ништо, табла си играше чоекот, Тофо е крив шо се опичи со томосот у на Ѓеврек ладата и тоа паркирана. А додуша не е ни он многу крив, пошто ми кажуеше после у болница, му се заглаила влечката под тоа гајбата шо ја држеше меѓу ноги док тераше мотор накај нас со пивото, така да никако не бил у стање да стисне на кочница. Ама нема везе, сеа кај и да е, за пар недели ќе му го симнат гипсот, така да нема више ни да се познава дека кривел некад. Да не веруе човек бе, стално за свенешто ви е Ѓеврек крив. Свашта, значи.

5 декември 2013 - 12:00

#17

Од
стиви
Прашање

Зошто ладната вода во купатилото е поладна од ладната вода во кујната?

Одговор

Зато што никад не се тушираш у кујна, па таман док си со сапуњав г'с наеднаш да почне врз тебе да врне град, пошто твоите се дале у штедња и го пуштаат бојлерот да се грее по дваеспет секудни дневно. Па и уште се кљафтат као зелени док ти од купатило урлаш као да си отиден кај железничарот. Закључак, исто си е ладна водата као у кујна, така ти се чини само, због шо се шпараџии тие твоите по дома.

5 декември 2013 - 09:01

#16

Од
Средно уво
Прашање

Герасиме, да ми објасниш зошто не ми чуе кога све слушам. Жити брк, одма да да ми кажеш!

Одговор

Видиш, почитуено Средње уво, ова у задње време шо го праат овие со тоа гипс картоните коа градат, и ја сум на мишљење дека има превршено мера до немајкаде. Па не може бе, пизда му матер, они за да заштедујат на граѓевински материјал, мене сабајле да ме будат едно 40 аларми и будилници од сите околни станови, пет минута покасно коа перам зуби да имам комплетен увид у имањето или немањето нужда на едно дванаес спрата по вертикала а навечер околу девет да сум побогат за сознание дека комшијата од шести, вероватно због ради тој новиот лек шо почна да го пие, има побољшано просек у времетраење на обављање брачна дужност за цели 12 секунди у однос на прошлиот месец и дека кај и да е, до фебруар догодина ќе догура до три минута. Така да ти уствари џабе прашуеш, си знаеш ти арно шо си праиш, уместо да се саклдисуеш вака као мене. Ооп хелексот и мирна бачка.

5 декември 2013 - 06:00

#15

Од
petre
Прашање

Дали прво да купам кола па да се женам или да барам жена па потоа?

Одговор

Уствари, најпаметно би било да си купиш вокмен, илити сеа шо го викаат ајпод и да најдеш жена шо више има кола . Ем нема да праиш трошак два пута, и за кола и за свадба, ем ќе моеш слободно да се олешуеш по кафани, она да те враќа дома со колата а ти да им праќаш пољупци на џандарите шо се кријат по грмушки, со она куралото шо се дува у него. А она ко ќе ти мрчи додека те таксира, скришно го стааш ајподот на уши и бркаш работа. Само глеј увек да ти е тазе напунета батеријата у ајподот, иначе си го наебал. 

4 декември 2013 - 20:10

#13

Од
Гани
Прашање

Колкава е цената на комбе во Германија до 2000 еура?

Одговор

Имав еден другар со една нога по име Ванѓел шо ги знаеше овие работи. Он продаваше онакво шо е едно, млеко за бебиња у прах, па го отпуштија и сеа појма неам кај е, али ако го сретнам, ќе го прашам и ќе ти кажам.

4 декември 2013 - 20:10

#14

Од
Erina
Прашање

Во песничката "Кој се плаши од волкот лош, три за грош, три за грош", од што треба да се даде три за еден грош? Не можам да спијам навечер од што ме мачи ова.

Одговор

Еве, рецимо дека треба да се дадат три влакна од косата за еден грош, ќе бидеш ли сеа љубазна да ми објасниш колу е тоа "еден грош"? Колку е ДДВ на еден грош, 0,18 гроша? Колку е тоа у евра? Конвертибилна валута ли е тоа грош и како ке напраиш девизна уплата ако треба пример да нарачаш од Кина еден контејнер влакна, по 0,11 гроша секое уместо по 0,33 колку шо се овде, пошо од Кина нели све е поефтино? Вака полесно ти е за спиење сеа?

4 декември 2013 - 20:10

#12

Од
Goce od rabota
Прашање

Рибите пијат вода или не ?

Одговор

Тоа највише зависи од тоа кај искачаш.

Мада и тие шо као не пијат вода коа се навечер у елеменат, сабајле ко ќе се разбудат, г'лтаат по три до пет чаши на гладно, пошо така имаат прочитано на некој од ова порталиве, демек ако пиеле вода на гладно, кожата ќе им станела као бебешки газ. А тоа уствари, тие од порталите само ги навлекујат да им стискаат лајкови таму. А тие па, да ги праша човек шо ќе им ги тие лајкови, еден ако има да ти објасни, да доеш да ми кажеш: - Ѓерасиме, везе немаш значи ни со вода ни со нишо.

4 декември 2013 - 20:10

#11

Од
Џони
Прашање

Герасиме, зашто девојка ми нејќе фелацио?!

Одговор

Мислам да тоа има некоја врска со твојата склоност да мењаш гаќи еднаш у две недели. И пази, мислам дека не ќе да е дека само она неќе, стопосто си покушал ти тоа и со други и они неќеле од исти разлози, само ти е глупо сеа да признаеш дека си пробал да го превариш девојчето, без разлика шо она те има откачено уше одма од коа си пробал тоа првпут со неа.

4 декември 2013 - 20:10

#10

Од
Драган
Прашање

Драг Герасим, Во песната „Подарок" на Маријан Стојановски, тој вели „ко роза бела трепериш цела".Ме интересира дали само белите рози треперат цели, а другите не? Можеби црвените треперат пола или 3/4 и тн. Ова не ми е јасно.Поздрав

Одговор

Не, и белите и црвените треперат цели, буреците треперат у три четвртини, срцата чукаат у седум осмини, пенал не се пуца од шеснаестерац и тако даље.

Не е толку комплицирано као шо ти личи на прв поглед.

4 декември 2013 - 20:10

#9

Од
Медо
Прашање

Како може да најдам влакно у јајце?

Одговор

Едино да пробаш со јајце на око, ама јас да сум на твое место, не би праел такви експерименти, зашто видиш какво е времево безвезе, може да се издеси луѓе свашта да помислат после.

3 декември 2013 - 07:00

#8

Од
Џонтра
Прашање

Зашто гаќи е во множина, а прслук во еднина?

Одговор

Знаеш ли ти што е тоа што има осум пара гаќи, еден прслук и пее по шума ?

Снежана и седумте џуџиња.

Ете, затоа.

3 декември 2013 - 06:50

#7

Од
Петре
Прашање

Здраво Герасим, Драго ми е што има вака некој да ни ги разрешува дилемите. Да не одолжувам многу, веднаш да преминам на главното. Имам интегрирано појачало, кое добро ме служи и има опција да работи само како појачало или предпојачало. Но ми фали добар DAC за да можам да слушам музика од компјутер. Незнам дали ми е подобро да купам посебен DAC и да си го задржам ова појачало (па после да имам опција да му додадам и лампашко предпојачало), или да купам ново појачало во кое ќе има вградено DAC, ама нема опција да работи само како појачало, па во иднина да пробам како е со лампашко предпојачало. Фала ти за времето што го оддели да го прочиташ ова. Се надевам дека ќе можеш да ми помогнеш за да си ја разрешам оваа дилема. Поздрав и секое добро, Петре

Одговор

Со самото тоа што главниот проблем у животов ти е како да "слушаш музика" од компјутер, немаш ти баце Петре потреба од никаков специјално добар DAC (дигитално аналоген конвертер). Пошто поише од сигурно е дека од компјутерот ќе си пушташ емпетрошки, у која год и да се резолуција снимени, специјално добриот DAC најверојатно би ти служел за да се курчиш пред другарите и комшиите, иначе сигурно нема да приметиш некоја разлика во квалитетот на сигналот меѓу оној што ти искача од аналогното пинче на лаптопот и оној сигнал што (од коа претходно ке го сјебеш со емпетрошката) ќе го пропуштиш дигитално до некој DAC од пар иљади евра, па од таму пак со пинчиња ќе го тераш до претпојачалото од интегрираното ти појачало. И не туку кажуј тука лампашки појачала, пошто - на што звучки ќе го тераш лампашот, бе? Мислиш така е тоа? Затоа, смањи малку доживљај и оди купи си зимски гуми, пошто овие сеа ќе почнат да казнуваат, да не платиш еден DAC негде на пут до Маврово или Шапка, сеа ко ќе падне снегов.

3 декември 2013 - 06:30

#6

Од
zenska
Прашање

Зошто не можам да ставам маскара на трепкиве со затворена уста?

Одговор

Затоа што ако држиш затворена уста, значи дека ќутиш а пошто ќутање е злато, ко ќе туриш златна маскара има да биднеш као оној Азис, Божемепрости. А вака со отворена уста, фино ќе си личиш на Мерилин Менсон, како шо е редот.

3 декември 2013 - 06:00

#4

Од
stojcho
Прашање

Зошто умре козата на комшијата?

Одговор

Превише знаеше. Така ти е коа си имаш со мафијаши работа.

2 декември 2013 - 10:30

#3

Од
Ставре
Прашање

Како работат магнетите?

Одговор

Од 9 до 5, сабота до 2, у недела не работат. И магнетите се луѓе.

2 декември 2013 - 10:26

#2

Од
Милан
Прашање

Дали ќе ме сака повеќе ако ја запросам јавно (ко овие у задње време шо запросуваат)?

Одговор

Зашо, мислиш дека ќе ја фати незгодно од луѓе шо гледаат, па ќе ти дае десет уместо пет денара?

А фискална шо немате бе никој, ни тие по семафори, ни на мост, ни никаде?

Ај седни учи таму, ќе ми просел он.

2 декември 2013 - 10:23

#1

Од
Vesnica
Прашање

дали треба прашањево да почнува со дали?

Одговор

Слободно можеш да го почнеш и со "Драги Салвадор".

2 декември 2013 - 10:06