Шо не е јасно?

Од
Дал тон
Прашање

Зашо коа ќе се роди дете се праат мекици? Ја на пример сум поише за питулици... евентуално гибаници

Одговор

Ма тоа ај некако, него ако се издеси да се праат мекици на посен празник, све се мислам дали уместо да ги пржат тоа мекиците у зејтиништа, на луѓето треба им се даде да сркнат по две три лажици директ од ванглата со тесто?

Сподели
Недела, Декември 22, 2013 - 09:00 коментари
#99
Од
Мене
Прашање

Геро, ако купам петел од Австралија, дали бре ќе ми кукурика у 5 попладне?

Одговор

Па дабоме дека ќе ти кукурика, да не сакаш со астрологија да се бави?

Сподели
Недела, Декември 22, 2013 - 06:00 коментари
#98
Од
astronaut
Прашање

Зашто на семафор као вртиш лево, десно се уклучува и семафорот за пешаци ?

Одговор

Не го зимај па ти тоа толку здраво за готово, терај си ко шо ти е ујгун тебе.

Сподели
Сабота, Декември 21, 2013 - 18:00 коментари
#97
Од
Брат му на Горан
Прашање

Ѓерасиме, како може и волкот да е сит, и овците да се на број? Да не има некој волк вегетаријанец шо е?

Одговор

Тоа уште од антички времиња е шифрирана порака која значи дека волкот у тој случај се фокусирал на овчарот, тојест овчарот го изел курот. Детали не се познати.

Сподели
Сабота, Декември 21, 2013 - 15:01 коментари
#96
Од
краен случај
Прашање

До коа ќе ме дупат у протеза ради крив нос?!

Одговор

Ќути таму и биди среќен шо немаш камен у бубрег или хемороиди.

Сподели
Сабота, Декември 21, 2013 - 12:00 коментари
#95
Од
imoverhere
Прашање

Дали утре ради маглата ќе слетам у: а) Охрид; б) Софија; в) Нема ни да полетам ?

Одговор

Само глеј у некој ендек да не слеташ, све другото уопште не е битно за разгледуење.

Сподели
Сабота, Декември 21, 2013 - 09:00 коментари
#94
Од
Анѓа
Прашање

Кај одат по нужда тие што работат у трафики?

Одговор

Кај најблискиот другар. Другарот по нужникот се познава.

Сподели
Сабота, Декември 21, 2013 - 06:00 коментари
#93
Од
Бране
Прашање

Драги Герасиме, ме интересира кога ќе биде крајот на светот и дали следниот ден ќе биде неработен? Благодарам.

Одговор

Ќе каже доктор Оз кога. Неработна ќе биде првата следна сабота.

Сподели
Петок, Декември 20, 2013 - 18:00 коментари
#92
Од
Turbo biljlbilj
Прашање

Зашто е Шако полумента? Дали е другата пола липа или можда камилица? Или форава е со Дадо да напраат дует и да бидат Целомента? Молимте жута дуња зелен бор брзо чекам одговор, зоврев...само на ова мислам деновиве.

Одговор

Викаш паѓаат нешо роднини и со овој нашиов, шо ја прекрстива Лењинова по него?

Сподели
Петок, Декември 20, 2013 - 15:00 коментари
#91
Од
Пилот
Прашање

Зошто авионите немаат свирка?!?!?!?!?!?!?!

Одговор

Ма, немаат ни багажник за на кров, ручки за отварање џам исто така немаат, укратко многу се несавршени ко ќе ги заглеаш одблизу. Со рејс да си одиш ти. 

Сподели
Петок, Декември 20, 2013 - 12:08 коментари