Ќути што нашите се големи..

Украдена скулптура на Хенри Мур

Сончевиот часовник на познатиот британски скулптор украден е од имотот околу бившата куќа на уметникот, сега музеј, а се претпоставува дека тоа е само уште една кражба на отворено кои ги вршат препродавачи на бакар.

Скулптурата Sundial 1965 е составена од две бакарни полумесечини, а нејзината вредност се проценува на пола милион фунти (770.000 долари).

Некогашниот имот на Хенри Мур, Пери Грин, се наоѓа во Херфордшир, и ова е втора кражба на негово дело, по онаа од 2005.

Цената на бакарот, главната состојка на бронзата, во последните три години се удвои, што доведе до брз пораст на број на случаите на кражби на уметнички дела изработени во овој метал, како и електрични водови. Последната кражба на скулптура од јавен простор во Британија се случила кога од лондонскиот парк е украдено дело на британската скулпторка Барбара Хепворт, исто толку вредно колку и ова на Мур.

14 јули 2012 - 15:51