Тешко преводливиот грузиски збор што значи „пукнав од јадење“

„Супра“ е традиционална грузиска прослава, секако проследена со јадење, од епски пропорции. Не е ни чудо што притоа луѓето често искусуваат нешто што е тешко да се објасни со зборови, а уште потешко да се преведе.

Пастрмка полнета со сос од бадем; чорба со свинско и грав наречена „лобио“; тазе печен леб со сирење „качапури“; кокошка во боровници...Прославите на кои се служат вакви и голем број други традиционални грузиски јадења знаат да траат со часови, со бројни наздравувања и гласни муабети околу софра.

Странците кои го опишуваат чувството после една ваква вечера е „прехранбена кома“ (food coma). Но Грузијците си имаат свој збор - шемомечама (შემომეჭამა) - тешко преводлив термин кој се користи кога си сит, но сепак продолжуваш да јадеш, едноставно гнетеш до пукнување. Можеби првичната намера ти била да каснеш eдно залче, колку да не се навредат домаќините, ама ете, толку било вкусно што не можело да се запре.

На грузиски голем број глаголи можат да се трансформираат во форма која укажува дека чинителот на дејството немал намера да го изврши. Освен „шемомечама“ познати се и „шемомаквда“ - случајно го убив, или „шемомек’ера“ - случајно (по грешка) го напишав.

Ова е еден од многуте тешко преводливи зборови во грузискиот. Друг е „муктакора“ - човек кој прави нешта на туѓ грб, или постојано очекува некој да му помогне, а самиот никогаш не прави услуга. „Гачитули“, пак, означува луѓе со добри врски и познанства, кои можат да ти завршат работа со пар телефонски повици.

26 ноември 2020 - 16:37