- Во САД во тек на ноември традиционално се одвива Националниот месец на пишување романи, скратено NaNoWriMo. Целта е учесниците да напишат скица за прозна книга од 50.000 зборови. Минатата година беа пријавени рекордни 400.000 луѓе, кои веројатно се надеваат дека нивното дело наскоро ќе биде официјално објавено.
- Според коментаторка на Слејт тактиката проектот да се фали со досегашни успешни (објавени и денес познати) учесници е погрешна, и дека учеството во еден ваков предизвик треба да биде контракапиталистички чин - начин да се докаже дека не мора сè да биде „продуктивно“. Плетење, готвење, столарство, хобија кои некогаш му носеле радост на создавачот сега станаа само вовед во сопствено ангажирање со одржување на профили на социјалните мрежи, броење лајкови и амбиција да се стане „инфлуенсер“. Пишувањето, како и која и да е друга вештина, треба да прави ќеф, без да се биде раководен од идејата „што со тоа?“.
- „Напишете книга во текот на ноември но дозволете си таа да биде лоша“, вели таа. Ако има потенцијал, во останатите 11 месеци ќе имате време да ја дотерувате.
- Со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ (Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023), вечерва започнува 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал.
- Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на овој филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе.
- Оваа година на публиката ќе ѝ бидат прикажани и 16 филмови од Официјалната селекција на краткометражни филмови, три филма од Ревијалната програма и 4 видео-есеја, во рамки на новоотворената Селекција на видеоесеи.
Целата програма тука
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.