- Наградата „ФотоБук Авордс“ е востановена од Фондацијата Аперчр и Париз Фото, како начин да се промовира жанрот на фото-книги и каталози и да се истакне нивниот придонес кон фотографскиот медиум и специфичниот дизајн кој го подразбираат овие изданија.
- Од 35 финалисти жирито за најдобар фото каталог го одбра „Што видоа тие: историски фото-книги направени од жени, 1843-1999“ од Расет Ледерман и Олга Јецкевич која во себе содржи 250 лични албуми, фанзини и традиционални фото-изданија.
- Победник во категоријата Фото книга на годината е „Банда Џрнал“ од фотографот Мхамад Фадли и фолклористот Фатрис МФ, малку позната приказна за индонезиските острови Банда, мал архипелаг кој одиграл голема улога во глобалната трговија и модерната економија.
- Во категоријата „најдобра прва фото-книга“ победник е „Без наслов“ на Саша Фијарс-Бруџис, Американка чии родители се од Тринидад, која преку фотографиите го истражува своето културно наследство.
- Со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ (Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023), вечерва започнува 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал.
- Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на овој филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе.
- Оваа година на публиката ќе ѝ бидат прикажани и 16 филмови од Официјалната селекција на краткометражни филмови, три филма од Ревијалната програма и 4 видео-есеја, во рамки на новоотворената Селекција на видеоесеи.
Целата програма тука
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.