Куче-робот ќе помага на археолошките наоѓалишта на Помпеја

Се вика Спот и ќе биде користен за да се идентификуваат безбедносни и инфраструктурни проблеми, вклучително и тунели кои ги копаат крадци на археолошки остатоци. Ова е прв пат на вакво роботче да му се најде примена во заштитата на културното наследство. 

Робот на четири нозе по име Спот почна да се користи на наоѓалиштето на древна Помпеја, за да регистрираат потенцијални градежни и безбедносни проблеми, како постоење на подземни тунели кои ги копаат нелегалните трагачи по остатоци на овој локалитет.

Роботчето е последно од серија технологии кои се користат во рамки на поширок проект за подобро менаџирање на археолошкиот парк од 2013, кога УНЕСКО се закани да ја додаде Помпеја на листата на светско наследство во опасност, доколку италијанските власти не се потрудат да ја подобрат неговата состојба.

Спот, направен од компанија базирана во САД, Бостон Динамикс, е способен да ги исконтролира и најмалите простори, истовремено собирајќи податоци кои се корисни за планирањето на интервенции. 

Целта е да се подобри квалитетот на мониторингот на постоечките области, но и на оние на кои се вршат реставраторски работи, и на тој начин да се подобри безбедноста и на локалитетот, и на работниците.

Ова е прв пат технологија од овој вид да се користи на археолошко наоѓалиште. Властите во паркот експериментираат и со летечки ласерски скенер кој може да прави 3Д скенови на целиот локалитет. Особено се опасни диво направените подземни премини, од страна на tombaroli или копачи на гробови кои со години роварат на оваа територија. 

29 март 2022 - 08:08