Книжевен месечник: кои важни настани се случиле во октомври?

Кој знае дали тоа е научно издржано, ама некако ни изгледа дека настаните имаат необична тенденција де да се групираат, како некакви хронолошки јата, де да се проретчуваат. Октомври, освен што изобилува со родендени на наши драги луѓе, некако ни се гледа историски полн со важни книжевно-филозофски датуми. Еве некои од нив:

Во 1844 се родил Фридрих Ниче. На ист ден, 15 октомври, е роден и Мишел Фуко. Следниот, 16 октомври, се родени Оскар Вајлд и Гинтер Грас. На 27ми се родени Дилан Томас и Силвија Плат. Во 1906 е родена Хана Арент. Во октомври се родени и Антон Панов, Ѓорги Арабаџиев и Драги Михајловски.

Во 1849 умрел Едгар Алан. Во 2004 умира францускиот филозоф Жак Дерида. Во октомври со светот се збогуваат и Џон Лок, Џонатан Свифт, Ричард Бротиган, Тед Хјуз, Орсон Велс, Анатол Франс.

Во 1901 е доделена првата Нобелова за литература, а од тогаш до денес уште 107 пати. Соопштувањето на наградените е обично во четврток, во октомври (истиот месец е роден и самиот Нобел).

Во 1896 Њујорк Тајмс воведува рубрика за книжевни осврти, денешниот The New York Times Book Review.

 Алeн Гинзберг прв пат ја изведува неговата позната песна Howl во галерија во Сан Франциско.

Во 1979 е објавен „Автостоперскиот водич низ галаксијата", романизација на оригиналната радио серија која одела на Би-би-си претходната година. Телевизијата не била заинтересирана да го финансира издавањето на книгата, и згрешила - во првите три месеци биле продадени 20,000 примероци, а до денес 14 милиони.

Силвија Плат на 12 октомври 1962 напишала една од нејзините најпознати песни, „Татко" (Daddy), во која зборува за таткото Ото (експерт за пчели) кој умрел кога таа имала само осум години. Неколку месеци по пишувањето на песната таа се самоубива.

Тука можете да ја слушнете, со нејзиниот глас:

13 октомври 2015 - 18:32