Иди после не ја враќај..

Библиотечна клетва

Во книгата која во 2012 доби Пулицер, „Скршнување: како светот стана модерен" (Swerve: How the World Became Modern), Стивен Гринблат ја истражува важноста на книгите за овој потфат, и тоа пред откритието на печатарската преса.

Во еден пасус тој опишува некои од методите со кои се служеле манастирите за да ги заштитат овие вредни предмети - преку ставање на клетви на нив, и тоа буквално.

Ако постојано позајмуваат книги од вас и не ви ги враќаат, или ако казната од 10 денари за доцнење во нашите библиотеки не е доволна, еве предлог-стандард за на задна корица, веднаш до бар кодот, со кој сигурно ќе се согласите:

„Оној кој ќе ја украде, кој ќе ja позајми а нема да ја врати оваа книга на неговиот сопственик, нека таа се претвори во змија во неговата рака и нека го касне. Нека целиот се здрви, а рацете и нозете нека му експлодираат. Нека се мачи во болки молејќи гласно за милост, но нека нема крај на неговата агонија додека не се распадне. Нека книшките црви навлезат во него во знак на Црвот кој не умира, а кога ќе дојде до конечната казна, нека пламенот на Пеколот го голтне засекогаш."

1 април 2013 - 16:07